РОДИТЕЛИТЕ МУ ПОМАГАЛЕ: Маж заробил, силувал и камшикувал бремена тинејџерка!

Поради одземањето на слободата на една бремена 17-годишна тинејџерка, како и заканите упатени до членовите од нејзиното семејство дека ќе бидат убиени, по цели четири месеци е покренато обвинение против сопругот Т.М. (19), свекрвата Љ.М. (48) и свекорот С.К. (44), кои во моментов се наоѓаат зад решетки.-Зошто дојдовте? Што сакате? Ќе ве убијам сите и ќе ве пратам во пакет по пошта – им викале на мајката, сестрата и вујната на бремената тинејџерка.
Вистинска драма се одвивала во еден кварт во Загреб, по што исплашеното семејство на тинејџерката било принудено да повика полиција.
Обвинението ги терети брачниот пар Љ.М и С.К., како и нивниот син Т.М., дека од мај до 9 август во семејната куќа во Загреб ја држеле заробена 17-годишната сопруга на нивниот син.
Тие го ограничувале нејзиното движење и контактот со родителите, ја присилувале да извршува тешка физичка работа, а сето тоа било проследено со физичко малтретирање.
Тие наводно секој пат ѝ покажувале и пиштол, кој, доколку би била непослушна, би можеле на неа „да го испробаат.“
Наместо во мир да ги поминува деновите во бременоста и да се привикнува на идната улога како мајка, 17-годишната девојка била под стрес, живеела во страв повеќе месеци и ризикувала да доживее спонтан абортус. Покрај сето тоа, нејзиниот маж (19), ја силувал.
Инаку, зетот ѝ е познат и на шведската полиција, бидејќи при неговиот краток престој во Шведска крадел златен накит од старици, но и се заканувал дека ќе ја крене во воздух редакцијата на локалниот таблоид Bleking Läns Tidning (BLT), во Карлскрона.-Зошто дојдовте? Што сакате? Ќе ве убијам сите и ќе ве пратам во пакет по пошта – им викале на мајката, сестрата и вујната на бремената тинеј

Пронајдете не на следниве мрежи: