Таткото на 8- годишното девојче сакал да изврши самоубиство

„Што ќе ми е животот без Хелена, ќе се убијам“, викал несереќниот човек, татко на две деца.Голема тага го завила семејството Крсмановиќ од Ресник, бидејќи 4- годишното момче пукало во главата на својата родена сестра со ловечка пушка.
Еден ден по големата трагедија, во домот на Крсмановиќ се собрале голем број роднини, соседи и жители на Ресник кои сакаат да изразат сочуство и да им пружат поддршка во овој потресен момент.
Потполно е разбирливо зошто никој од нив не сакал да разговара со новинарите, а таткото на момчето и девојчето вчера, по големиот шок и тага велел дека ќе се убие.
„Што ќе ми е животот без Хелена, ќе се убијам“, велел несреќниот човек, но за среќа, не ја остварил намерата. Исто така, цело време биле присутни голем број припадници на полицијата во куќата на Крсмановиќ.
Сосетката Данка, која го познава семејството околу 20 години, едвај собрала сила да разговара со новинарите.
„Хелена многу ќе ми недостасува. Беше многу добро девојче. Кога беше мала, баба и ја носеше кај мене да си игра. Ова е голема трагедија“, вели видно потресената баба Данка, која тргнала да изјави сочуство.
Според неофицијанлни информации, до оваа тешка несреќа дошло кога момчето и девојчето останале сами во собата во која се наоѓале две пушки. Момчето ја зело едната пушка мислејќи дека не може да и наштети на сестрата, но таа за жал испукала и на лице место ја усмртила 8- годишната Хелена. Голема тага го завила семејството Крсмановиќ од Ресник,

Пронајдете не на следниве мрежи: