Мајка херој: нема каде не се породувала, во лифт, во автомобил, на пат до породилиштето…

Мирјана Ковачевиќ (27) од Рсавци кај Врњачка Бања од четири деца две ги родила на патот до породилиштето, а со третото породувањето започнало во лифтот до породилиштето. Последното, четврто дете, го донела на свет во автомобил.На последното породување пред 15 дена, додека сопругот Бобан отишол да повика медицински пресонал од болницата во Бања Лука, Мирјана во автомобилот на свет го донела синот Огнен.
Таткото, Бобан Ковачевиќ вели дека се се случило за само неколку минути.
„Само истрчав да повикам медицински лица, и кога се вратив Мирјана веќе се породила. Мене тоа не ме изненади бидејќи не е прв пат Мирјана да се породи надвор од породилиштето. Пертходното дете, сопругата го роди  дома, иако детето беше во карлична положба“, вели Бобан.
Инаку, ни тоа не е се, бидејќи Мирјана и со ќерката Теодора, пред пет години, за малку ќе се породела во лифтот во породилиштето во Краљево.
Како што објаснува сопругот Бобан, кај Мирјана породувањата се неверојатно брзи и неочекувани.

„Живееме на село и имаме многу работа. Секој пат, до поледниот момент на породувањето, таа беше на нозе, како да има уште месец дена пред породувањето. Мирјана е феномен“, вели Бобан.
„Со сите бремености, многу брзо се породувам и никогаш не ми требало повеќе од пет минути. Предпоследниот пат се породив во градината. Пред да се породам со Огнен почувствував дека е време, и тргнав со сопругот во породилиштето, но на поат до Врњачка Бања ми пукна водењакот и стигнавме пред  домот на здравје. Додека сопругот отиде да повика помош, бебето веќе се роди“, објаснува Мирјана.
„Трудницата беше префрлена од своето возило во наше специојализирано возило за итни состојби. Тука го продолживме породувањето. Родено е момче кое веднаш заплака, со нормална боја на кожата. Родилката и бебето беа префрлени во Краљево“, вели директорката на Домот за здравје во Врњачка Бања.На последното породување пред 15 дена, додека сопругот Бобан отишол да повика медицински пресонал од болницата во Бања Лука, Мирјана во автомобилот

Пронајдете не на следниве мрежи: