Јас можам да зборувам од името на Елем и тоа го зборував изминатиов период, на 15 мај Елем ги достави калкулациите од своето работење и она што го има зацртано за следната година. Ние како што знаете не побаравме зголемување на производната цена на АД Електрани Македонија и во името на другите чинители на пазарот не можам да коментирам што се случило со Мепсо и што ќе се случи со Евн но она што е важно е дека АД Елем не побара зголемување на производната цена на електрична енергија како резултат на сопственото работење, ова денеска за телевизија Нова го изјави Христијан Мицковски, генералниот директор на Елем.Иако изминатиов период кога имавме тешки услови ние успеавме да се реоптимираме и да ги надминеме тие тешки услови, а многу негатори ни предвидуваа и црнци сценарија, а за среќа на граѓаните и државата ние тоа го поминавме успешно и можам да кажам дека АД Елем во моментов е во одлична кондиција. Компанијата во овој момент има 0 долгови кон добавувачите, кон вработените, а некаде околу 1,25 милијарди денари депозити на сметка и некаде 300 милиони денари на сметка од тековното работење на компанијата, со други зборови една извонредна ликвидност на самата компанија и следува период на ремонтни активности во истата, а производните капацитети се во одлична кондиција, потенцираше Мицковски.
Тој демантираше дека во Рек Битола до сега работело само со еден блок, а досега начесто таа работеше со три, но сега поради потребите на потрошувачите работи со два блока.
-Кој и да ме замени мене може да смета на компанија која е во фантастична кондиција и има сериозно високи цели во менаџирањето, но и голема обврска бидејќи Елем кој и да дојде е компанија на сите граѓани на оваа држава, а правилното менаџирање значи и правилно користење на богатството кое го имаат сите граѓани во Република Македонија, вели Мицковски.Иако изминатиов период кога имавме тешки услови ние успеавме да се реоптимираме и да ги надминеме тие тешки услови, а многу негатори ни предвидуваа