ЖЕНА СИ ПРОНАШЛА ЉУБОВНИК, НО И ПРЕЧЕЛ СОПРУГОТ: Тоа што го направил ги запрепастило сите!

Во експлозија од бомба во Хрватска е тешко повреден 36 годишениот Хрвоје Б.  Судејќи по околностите неговата сопруга имала намера да го убие во договор со нејзиниот љубовник.Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, полицијата извршила криминалистичко истражување над Никола Лабош роден во 1979 година и жената Валентина Б.Ц. родена во 1976 година поради сомнеж за обид на убиство.
Се сомнева дека осомничените во неделата на 7.12 околу 22.10 часот фрлиле рачна бомба во дворот на убиениот, од дворот на соседната куќа, со намера да го усмртат сопругот на Валентина. Наводно таа го наговорила љубовникот на ваквиот чекор.
Оштетениот во тој момент се враќал дома од работа, а од експлозијата е тешко повреден. Најмногу му настрадала потколеницата.
Поради сомнеж за обид за убиство односно извршување на казнено дело за тешко убиство против осомничените е поднесена казнена пријава и моментално се во притвор.
Вечерни.хр. пишува дека ранетиот маж и неговата сопруга имаат две малолетни деца кои моментално се кај дедото и бабата.  Соседите и пријателите се во шок бидејќи никогаш не забележале никакви кавги помеѓу нив.
Од кругот на блиски пријатели, се дознава дека Валентина е фризерка во локален салон, аферата со Никола започнала оваа година.

 
– Ни во лудило не помислив дека ќе се случи вакво нешто. Не можам да верувам дека таа е спремна да го направи ова – шокиран е братот на Хрвоје, Синиша.
– Не знам што да кажам, не ни знаев дека полицијата го решила случајот. Сега ми е најважно да ги заштитам внуците кои привремено ги чуваат бабата и дедото – додава Синиша со треперлив глас.
Повеќе пати повтори дека не може да верува дека неговата снаа имала љубовник. Во тоа се колнеле сите оние кои ја познаваат.
– Често се дружевме, никогаш не сум се посомневала дека имаат некакви проблеми. Никогаш. Не можам да верувам дека сакале да го убијат. Па тој е супер, супер момче – вели една од сосетките.
– Хрвоје е вреден и чесен работник, никогаш не бил конфликтен. Пристоен е. Навистина имам само убави зборови за него – вели еден негов колега од работа. Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, полицијата извршила криминалистичко истражување над Никола Лабош роден во 1979 година и жената Валентин

Пронајдете не на следниве мрежи: