Еди Рама најави отворање на досиејата на тајните служби од комунистичкиот период

Премиерот на Република Албанија, Еди Рама најави донесување закон, по итна постапка, за отворање на досиејата на тајните служби од комунистичкиот период.Неговиот предлог наиде на поддршка од страна на коалицскиот партнер, Движењето на социјалистичка интеграција на Илир Мета, кој и претседател на албанскиот парламент.
– Го подржуваме отворањето на досиејата на соработниците на тајната служба Сигурими, но сакаме тоа да биде на начин без да ѝ се наштети на безбедноста на државата, – изјави Мета.
Опозициската Демократска партија преку пратеникот Едуард Халими, се произнесе против оторањето на досиејата. Според него премиерот Рама треба да ги отвори досиејата за корупција.
– Нема потреба од отворање на досиеата на Енвер, бидејќи Албанците немаат потреба од тоа. Го слушнавме Рама дека е ги отворел досиејата од комунизмот. Но граѓаните знаат, не се наивни, дека тој тоа го прави за да го сврти вниманието од мизеријата во која ја втурна земјата, – изјави Халими.
И додека власта и опозицијата ги кажуваат нивните спротивствени ставови околу ова прашање, поранешниот прв разузнавач, Фатос Кљоси излезе со децидна изјава дека поголемиот дел од досиејата се уништени.
Според писателот Висар Жити, дури треба да се каже и името на оној на кој кодошот му помагал.
Човекот кој долги години бара отворање на досиеата е познатиот писател и аналитичар Фатос Љубоња,кој на 23-годишна вораст бил во затвор, каде останал 17 години, без да да ја знае причината за тоа. Во една прилика тој рече дека неговото општество треба да признае што се случило во времето на комунизмот, со цел да го разбере она што се случува денес. „Режимот беше како лудачка кошула што ги обликуваше луѓето”, вели тој.
Од стотици илјади досиеа собрани во текот на над 45-годишната диктатура, официјални лица проценуваат дека само околу 14.000 останале непроменети. Некои се изгубени. Други биле намерно уништени од страна на поранешните комунисти.Неговиот предлог наиде на поддршка од страна на коалицскиот партнер, Движењето на социјалистичка интеграција на Илир Мета, кој и претседател на алб

Пронајдете не на следниве мрежи: