Хулигани претепале дете со безбол палка

15 годишно дете било претепано без никаква причина во петокот навечер во населбата Детелинара во Нови Сад. Било удрено со палка по главата поради што завршило во болница.Таткото на детето, Петар Драгиќевиќ, вели дека  син му се враќал дома кога, околу  21:45 часот во дворот од зградата, две млади момчиња почнале да му префрлуваат. Синот му рекол дека едвај имале 16 или 17 години.
„Седеле на клупа, викале и  прашувале за кого навива. Тој се свртел, благо се насмевнал и продолжил, но не сакал да им одговори. Му наредиле да застане, но бидејќи не го сторил тоа, потрчале по него и го стигнале на влезот“, вели Драгиќевиќ.
Петар вели дека  напаѓачите инсистирале да каже за кој клуб навива неговиот син. Еден од малолетниците се обидел да го шутне, но момчето се извлекло, па другиот извадил палка со која силно го удрил во глава.
„Кога виделе дека раната крвари, се исплашиле и избегале. Полицијата направила записник, а нам ни кажаа дека ќе ни јават  штом дознаат нешто“, вели  Драгиќевиќ. Тој додава дека син му  му рекол дека напаѓачите имале навивачки шалови, но бидејќи било мрак, не се сеќава на обележјето на клубот. Инаку, Петар вели дека неговиот син не е навивач на ниту еден клуб, и дека е примерен ученик во втора година средно училиште.Таткото на детето, Петар Драгиќевиќ, вели дека  син му се враќал дома кога, околу  21:45 часот во дворот од зградата, две млади момчиња п

Пронајдете не на следниве мрежи: