БАЛКАНОТ ВО ШОК: Мајка со денови ги оставала децата без храна во подрум, а на крај избегала!

Основниот суд во Брчко осуди една 38-годишна жена за занемарување и злоставување на трите деца. Јавноста беше запознаена со пресудата, но идентитетот на осудената не е објавен во интерес на жртвите – трите маолетни лица кои со денови биле оставени без храна.Во немилиот случај, мајката била осудена на условна казна затвор со траење од само три месеци, а децата беа сместени во Центар за социјална работа.
„Неморалната мајка избегнуваше да ги чува, да се грижи за нив и да ги воспитува децата. Децата ѝ беа дадени на чување откако се разделила од нивниот татко, со кого живеела во вонбрачна заедница“ – беше наведено во соопштението на Гојко Стјепановиќ, заменик на главниот обвинител.
Таа ги оставала децата по неколку дена да бидат без храна, пари и основни услови за живот. Грубо ги запоставувала сите нивни потреби и на крај психички ги злоставувала. Децата ги оставала во подрумот, без било какви средства за живот.
Кога би се враќала дома, таа често носела непознати мажи со кои „интимно се однесувала“, изложувајќи ги децата да гледаат недолични активности и да слушаат неприкладни разговори. И на крај, таа трајно го напуштила станот и заминала со странец во соседна држава, оставајќи ги децата да се снајдат да живеат кај роднините.
„Нивниот вујко не беше во можност да ги чува, па и покрај лошите временски услови, тој ги остави на улица во близина на куќата на нивниот татко. Оставени на дождот, децата не сакале да одат кај него и привремено живееле кај нивната тетка. На крајот, Центарот за социјална работа ги смести во друго семејство“ – велат од обвинителството.
Во меѓувреме, едното од нив се разболело, поради што беше итно оперирано и хоспитализирано. Мајката не се интересирала за неговото здравје.Во немилиот случај, мајката била осудена на условна казна затвор со траење од само три месеци, а децата беа сместени во Центар за социјална работа.

Пронајдете не на следниве мрежи: