Атина во пламен: Полицијата приведе 211 лица

Најмалку 211 луѓе се приведени поради предизвикување немири во Атина за време на протести организирани по повод годишнината од инцидентот во кој полицијата пред шест години уби невооружен тинејџер во грчката престолнина.Неколку илјади луѓе одржаа протестен марш низ Атина, до местото каде беше убиен тинејџерот, но набрзо почнаа немири во кои беша оштетени продавнци и автобуски станици.
Дел од демонстрантите провалија во продавницата за облека „Зара“, по што изнесоа голем број предмети на улица и ги запалија. Полицијата успеа да ги ограничи немирите во делот Ексархија по што употребија солзавец.
Судири меѓу полицијата и демонстранти имаше и во Солун каде хулигани претепаа двајца полицајци во цивил по што реагираше полицијата со солзавец и шок-бомби.
Тинејџерот Александрос Григоропулос беше убиен во декември 2008 година по вербален судир со полицијата. Неговата смрт предизвика двонеделни немири, кои беа најмасовни во Грција во изминатите неколку децении.Неколку илјади луѓе одржаа протестен марш низ Атина, до местото каде беше убиен тинејџерот, но набрзо почнаа немири во кои беша оштетени продавнци

Пронајдете не на следниве мрежи: