среда, 25 ноември 2026
Најново

Продолжува седницата за избор на влада

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да ја продолжи седницата за избор на новата влада, а најдоцна до полноќ и да го изгласа предложеното решение со најмалку 61 глас.Расправата почна вчера, откако мандатарот Зоран Заев ја образложи владината предлог-програма.
Заев најави реформи и промена во начинот на водење на политиката во Македонија. Напомена дека трите клучни цели ќе бидат економијата, професионалните институции и правдата, како и Европската унија и НАТО. Во фокусот на новата влада ќе биде и правосудството, сегмент во кој, како што истакна мандатарот, се планирани најсериозни реформи.
По обраќањето на Зоран Заев, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ оценија дека понудената владина програма е реално неостварлива, особено во делот на економијата, а предложените кандидати за министри немаат капацитет да одговорат на висината на задачата. Според СДСМ, пак, успехот и остварувањето на сите предвидени проекти се гарантирани зашто базираат на реални проекции и можности и зашто владиниот тим го сочинуваат луѓе докажани во својата струка.
Предлог-составот на новата влада е единствена точка на дневниот ред на втората седница на Собранието на Република Македонија. Владата треба да биде избрана два дена по почнувањето на седницата, односно најдоцна денеска на полноќ, а за тоа е неопходно да гласаат најмалку 61 пратеник.
Во новата влада, според предлогот-составот што го достави мандатарот Заев, министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.
Радмила Шекеринска е предложена за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Тренеска Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за министер без ресор и ќе биде вицепремиер за економски прашања. За министри без ресор се предложени и Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска.
Министри без ресор предложени од ДУИ ќе бидат Хазби Лика, Бујар Османи, кој ќе биде вицепремиер за евроинтеграции, и Рамиз Мерко. Садула Дураку е предложен за министер за животна средина и просторно планирање, Крешник Бектеши за министер за економија и Билен Саљији за министер за правда.
За министер за локална самоуправа е предложен Сухејл Фазлиу, додека за министер за здравство Арбен Таравари. Фазлиу и Таравари се предлози на Алијансата за Албанците.Расправата почна вчера, откако мандатарот Зоран Заев ја образложи владината предлог-програма.
Заев најави реформи и промена во начинот на в

Поврзани вести