Намалување на трендот на пушењето кај тинејџерите од 13 до 15 години и зголемување на бројот на пушачите од 15 до 64 години во однос на минатите години покажуваат податоците од истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија по повод Светскиот ден без тутун 31 мај кој оваа година се одбележува под мотото „Тутун-закана за развој“.Елена Ќосевска раководител на секторот за ризик и следење на незаразни болести истакна дека целта на овогодинешната кампања е да се укаже на поврзаноста на употребата и злоупотребата на тутунот и тутунските производи во општата економија.
– Можеме да кажеме дека кај адолесцентите од 13 до 15 години преваленцата на пушачи на тутун е 10.9 проценти односно 13.1 кај момчињата и 8.4 отсто кај девојчињата. Имаме позитивен тренд во однос на намалување на употребата на цигари и тоа е документирано со податоците од истражувањето за употреба на тутун кај младите кое во 2008 година покажуваше дека е 9.8 проценти, а намалена е на 7,6 отсто во 2016 година. Кај младите од 15 до 34 години превалнцата изнесува 47.7 отстоод кои 40 проценти се пушачи на тутун, а 51.6 отсто се изјасниле дека некогаш во животот пушеле, истакна Ќосева.
Резултатите од истражувањето во групата 15-64 години покажува дека 46 проценти се пушачи, а 53,9 отсто непушачи. Во однос на полот, 54 проценти од мажите и 33 отсто жени се пушачи. Најголема разлика во проценти на пушачи со непушачи е во групата по десет години односно од 35 до 44 години каде разликата кај мажите е 66 проценти во однос на 34 отсто непушачи.
Ќосева ја пренесе пораката на Светската здравствена организација СЗО која оваа година го поврзува значењето на намалување на употребата на тутунот со одржливи развојни цели, меѓу кои да нема сиромаштија, подобар живот, да нема нееднаквости, злагање за родова еднаквост, правилна конзумација на прехрамбени активности и др.
Порача дека од СЗО ги повикуваат земјите да дадат приоритет и да ги забрзаат напорите за контрола на тутунот, како дел од нивните одговори согласно Агендата за одржлив развој 2030. Контролата се смета за еден од најефикасните средства за остварување на глобалните цели – 3.4, односно за една третина намалување на глобално ниво до 2030 година на прерани смртни случаи од незаразните болести (НЦДс), вклучувајќи кардиоваскуларни болести, рак и хронични белодробни болести.
Според податоците на СЗО околу шест милиони луѓе умираат од употреба на тутун секоја година, бројка која се предвидува дека ќе се зголеми на повеќе од 8 милиони годишно до 2030 година без преземена акција. Околу 80 проценти од предвремена смрт од употреба на тутун се случува во земјите со низок и среден приход, со што се зголемуваат предизвиците за постигнување на нивните цели за развој. Одгледувањето тутун, според СЗО, бара големи количини на пестициди и ѓубрива, кои можат да бидат токсични и ја загадуваат водата за пиење. Секоја година, одгледувањето тутун користи 4,3 милиони хектари земјиште, што резултира во глобалното намалување на површините со шуми помеѓу 2 и 4 проценти. Производството на тутун, исто така, создава над 2 милиони тони цврст отпад.Елена Ќосевска раководител на секторот за ризик и следење на незаразни болести истакна дека целта на овогодинешната кампања е да се укаже на поврза