Просјак пронашол торба со 3.500 евра и ја вратил, но реакцијата на сопственикот…

Се уште постојат чесни луѓе: воениот ветеран без нога Сулиман Шакировски од Ниш  пронашол и вратил торба со околу  3.500 евра, иако  живее од туѓата милост.Во тоа му помогнал Сретен Лалиќ. Сопственикот на торбата,  бугарски граѓанин Тодор Г, како награда им дал по 10 евра!
„Видов како некои луѓе заборавија торба на клупа на Обреновска улица. Дојдов до клупата и ја зедов за некој да не ја украде. Не ја отварав да видам што има внатре но го замолив пријателот Сретен, продавач на бисери да оди во полиција  и да пријави  дека пронајдов торба бидејќи гледам само со едното око и не можем да телефонирам. Кога дојде полицаецот, му ја предадов торбата и дури тогаш  дознав дека во нејзе има 3.500 евра“, вели Шакировски.
Тој вели дека и да би знаел немало да ги земе парите.
„Ништо туѓо не сум земал иако сум сиромашен. Како резервист во војска ги поминав сите војни во Југославија. Како последица ми се јави шеќерна болест и проблем со циркулацијата па ми ги ампутираа и двете нозе. Имам пензија од околу 10.000 динари и примам туѓа нега и помош, но тоа се единствените приходи за седумчлено семејство. Не просам но кога ќе ме видат луѓето дека немам нозе, самите ми даваат  некоја пара па некако живееме. Сам никогаш не би зел нешто туѓо, парите доаѓаат и си одат, честа останува“, вели Сулиман кој покрај сета мака со нозете и слеп поради катарактата на едното око има и  бајпас на срцето.
Лалиќ, вели дека и нему  не би му паднало на ум да  земе нешто туѓо.
„Немам работа, три години сум без плата но живеам од чесна работа, продавам перли на улица. Кога Сулиман ми рече дека нашол некаква торба, веднаш отидов  во полиција и пријавив.
Полицаецот кој ја отвори торбата виде дека има доста пари. Сопственикот на торбата ни даде по 10 евра. Не го сторивме ние тоа поради пари, би го сториле истото и без награда“, вели Лалиќ.
Бугарскиот државјанин Тодор Г. престојувал  во Ниш поради работа. Кога полицијата му јавила дека торбата е најдена со парите бил пресреќен. Имал голема среќа што торбата завршила во чесни раце.Во тоа му помогнал Сретен Лалиќ. Сопственикот на торбата,  бугарски граѓанин Тодор Г, како награда им дал по 10 евра!
„Видов как

Пронајдете не на следниве мрежи: