25 министерства од кои 7 без ресор. Вака ќе изгледа новата македонска влада на чело со 43 годишниот економист Зоран Заев. Тој ќе биде осмиот македонски премиер кој ќе ја предводи 13тата македонска влада. Нема искуство во извршната власт но 3 мандати беше градоначалник на Струмица а има освоено и 2 пратенички мандати. На чело на СДСМ доаѓа во 2013 година по оставката на Црвенковски.Оливер Спасовски веќе ги познава канцелариите во МВР. Тој беше технички министер за внатрешни работи во онаа пржинска влада. Во септември ќе наполни 41 година. По професија е дипломиран правник на скопскиот факултет. Работел како адвокатски приправник по што станал советник на градоначалникот на Куманово, а подоцна и секретар на општината. До сега три пати е избран за пратеник. На последните избори ја предводеше втората изборна единица, а ја извршува и функцијата генерален секретар на СДСМ
Радмила Шеќеринска има многу функции зад себе во извршната власт но за прв пат ќе биде министер за одбрана. Има диплома од скопскиот електротехнички факултет, а за две недели ќе наполни 45 години. Во СДСМ била на скоро сите функции. Има искуство и во локалната власт како член на Советот на град Скопје и била пратеник неколку мандати. Во извршната работела како вицепремиер задолжен за евроинтеграции.
Драган Тевдовски ќе биде нов министер за финансии. 38 годишниот доктор на економски науки прв пат добива шанса во извршната власт каде доаѓа од позицијата вонреден професор на економскиот факултет во Скопје.
Екс амбасадорот на Македонија во САД Никола Димитриов ќе биде шеф на македонската дипломатија. Има 45 години и искуство во извршната власт како заменик министер за надворешни работи во владата на Љубчо Георгиевски во 2000 година која потоа и го испраќа во дипломатска мисија преку Атлантикот. На таа позиција го задржува и Владата на Црвенковски кој дополнително го назначува и за преговарач во спорот за името. Димитров останува на таа позиција и кога на власт ќе дојде Груевски во 2006 кој потоа, го зема и во својот кабинет како советник за национална безбедност. Бил амбасадор и во Холандија а во 2014 година одби да биде македонски амбасадор во Москва.
Рената Десковска ќе биде нов министер за образование. 45 годишната професорка по уставно право и политички систем за прв пат влегува во извршната власт. Претходно покрај пратеничката функција била и советник на Претседателот Бранко Црвенковски во областа Уставно право.
За разлика од Десковска искуство во Владата веќе има Љупчо Николовски. Тој беше министер за земјоделство во пржинската влада. На истата позиција останува и сега.
Тимот на СДСМ во новата влада го комплетираат претседателката на партиската комисија за труд и социјала Мила Царовска која ќе го води истото министерство. Роберт Алаѓозовски кој ќе биде министер за култура и екс координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески кој ќе биде нов министер за транспорт и врски.
39 годишниот електроинженер Дамјан Манчевски ќе биде нов министер за информатичко општество и администрација. Неговите досегашни функции главно се поврзани со локалната власт, како советник во Советот на град Скопје. Во партијата чиј потпретседател е важи за кадар близок до Радмила Шеќеринска
СДСМ ќе предложи дури 7 министри без ресор. Меѓу нив и 49 годишниот Кочо Анѓушев кој доаѓа од бизнис секторот. Тој е еден од клучните играчи на пазарот со електрична енергија. Минситерска фотелја но без ресор ќе добие и екс претседателот на Здружението на новинари Роберт Поповски, како и Самка Ибраимовски, Едмонд Адеми, Аднан Ќахил, Зорица Апостоловска и Зоран Шапуриќ.Без ресор но од редовите на ДУИ министер ќе биде и екс градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.Половина од министрите кои ДУИ ги предложи во новата Влада доаѓаат од т.н. воено крило на партијата.Хазби Лика ќе биде вицепремиер за рамковен договор. 45 годишниот поранешен командант на 112 бригада на ОНА веќе има искуство како заменик министер за внатрешни работи а во својата кариера дипломецот на универзитетот во Тирана ја вршел и функцијата градоначалник на Тетово. Доаѓа од тетовското крило на ДУИ и важи за отворен критичар на состојбите во партијата.Министерска фотелја и тоа во Министерство за екологија ќе има и за 57 годишниот Садула Дураку, познат и како командант Вентили од редовите на ОНА. .Машинскиот инженер од универзитетот во Приштина веќе бил мининстер за земјоделство во владата на Бучковски а медиумите пишуваат дека никогаш не се појавил да одбрани ниту еден закон во Собранието. Дураку доаѓа од липковското крило на ДУИ, општина во која беше градоначалник во 2 мандати.
Од редовите на поранешната ОНА е и новиот министер за правда Булент Салиу. Имал неколку функции во третиот ешалон. Доаѓа од огранокот на ДУИ во Врапчиште.
38 годишниот специјалист за дигестивна Хирургија Бујар Османи ќе биде потпретседател на Владата задолжен за евроинтеграции. Доаѓа од позицијата портпарол на ДУИ. Во својата политичка биографија ја има и позицијата министер за здравство во владата на Груевски. Во моментов работи како хирург на скопските Клиники.
Најмлад во новата влада ќе биде 32 годишниот Куштрим Бектеши. Килевчанецот ќе биде министер за економија. Ова му е прва функција во извршната власт. Дипломирал на универзитетот Шефилд во Велика Британија.
Арбен Таравари од партијата на Зијадин Села ќе биде нов министер за здравство. Признатиот доктор невролог за прв пат добива функција во извршната власт, а од Алијансата предлог за министер за локална самоуправа е и Сухејл Фазлиу
И покрај најавите на Заев дека ќе ги крати трошоците за извршната власт, новата Влада има 25 министерства од кои дури 7 министри ќе држат фотелји без ресор. Тоа ќе биде втората најголема влада во македонската политичка историја по онаа на Георгиевски од 98, во која имаше еден ресор повеќе. Според родовата застапеност, новата влада ќе биде во рамките на просекот. Во фотелјите на Илинденска ќе седнат три жени и 23 мажи. Мерко, Дураку и Шапуриќ со 57 години се највозрасните министри во оваа влада, а Куштрим Бектеши е најмладиот со 32 години. Со поддршка од 62 пратеници ова ќе биде влада со најслабо парламентарно мнозинство.
Оливер Спасовски веќе ги познава канцелариите во МВР. Тој беше технички министер за внатрешни работи во онаа пржинска влада. Во септември ќе наполн