Иако во проектот „Визија за Македонија“ СДС ветуваше дека ќе го намали бројот на министри, „Животот во Македонија“ донесе двојно повеќе. Новата Влада на Македонија ќе има 15 министерски ресорни места наместо досегашните седум.Лидерот на социјалдемократите Зоран Заев вечерва ги објави имињата на кандидатите што ги предлага неговата партија за министри во новиот владин кабинет.
Заев на прес-конференција во партиското седиште посочи дека Централниот одбор на СДСМ на вечерашната седница одлучи да ги предложи Радмила Шекеринска за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за вицепремиер за економски прашања, а Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска за министри без ресор.
Заев рече дека новата влада ќе биде составена од 15 ресори и неколку министерства без ресори.
Коалицискиот партнер ДУИ, ден претходно на седница на партиското претседателсво реши во идниот владин кабинет да партиципира со Хазби Лика како вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бујар Османи – вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање, Рамиз Мерко – министер без ресор, Крешник Бектеши – министер за економија и Булент Салиху – министер за правда.
Два владини ресора – за здравство и за локална самоуправа треба да ги водат кадри на Алијансата за Албанците.
Во новата влада нема да учествува движењето Беса. СДС преку соопштение до медиумите информира дека не е постигнат договор со Беса за влегување во новата влада, но оти оставаат отворени врати за соработка.
-Иако во преговорите со партијата Беса се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор. Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја, стои во соопштението од „Павел Шатев“.
Беса, пак, информира дека нема да биде дел од идната влада, бидејќи мандатарот за формирање влада не бил подготвен да ги прифати нивните принципи на заедничкото владеење и да потпише заеднички договор околу тие принципи. Од Беса истакнаа дека ќе продолжат да бидат конструктивен политички фактор во Македонија, останувајќи заштитник на албанските, но и на севкупните граѓански интереси во државата. Притоа ја информираат јавноста дека без оглед на тоа што остануваат опозициска партија, ќе ја поддржат секоја иницијатива што ќе биде во полза на Албанците и државата, а во насока на имплементација на потребните реформи.
Предлозите на СДС за членови на новата влада, заедно со предлозите на ДУИ и Алијанса за Албанците, ќе бидат доставени до Собранието на Македонија.
Партиите од новата владина коалиција имаат поддршка од 62 пратеници во 120-членото Собрание.
Според Уставот, Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Собранискиот Деловник предвидува дека седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. По програмата на мандаторот и предлогот за состав на Владата, Собранието води единствен претрес кој трае најмногу два дена. Изборот на владата се врши со јавно гласање, по завршување на претресот, а најдоцна во 24 часот.
Лидерот на социјалдемократите Зоран Заев вечерва ги објави имињата на кандидатите што ги предлага неговата партија за министри во новиот влади