Основно правно начело во нашиот систем е закон што е донесен на еден начин не може да се менува со друг вид мнозинство, предупредува Михајло Маневски, поранешен министер за правда.Доколку повикот на специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева до новото парламентарно мнозинство значи дека рокот за истрагите треба да се избрише со гласови на просто мнозинство на пратениците, тогаш тоа ќе биде драстично кршење на Уставот и на законите, смета Михајло Маневски, поранешен министер за правда. Во изјавата за „Дневник“ Маневски објаснува дека барањето на Јанева соопштено на вчерашната конференција за печат така како што е кажано навестува дека се бара токму тоа – промена на законот на нелегален начин.
– За рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија, СЈО покажа дека е на вистински пат во справување со криминалот, бараме новото парламентарно мнозинство да го избрише, измени или укине членот 22 за да може ова јавно обвинителство да продолжи со својата работа. Сметам дека во периодот од мојот избор како обвинител, со својата работа ја оправдав довербата што ми е дадена од граѓаните. Ќе продолжиме најпрофесионално да ја вршиме својата работа, изјави неодамна специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева.
Таа рече и тоа дека СЈО досега преслушало и дека се процесираат 45 отсто од нелегално снимените разговори, а дека останале уште 55 проценти.
– Ќе продолжиме да пуштаме обвиненија за преслушаните разговори, рече таа.
Според Маневски, ваквото барање е како уставно така и законски целосно неосновано.
– Суштината е во тоа што е Законот за специјалното јавно обвинителство е донесен во парламентот со двотретинско парламентарно мнозинство, врз основа на консензусот на четирите партии што го потпишаа и познатиот пржински договор. Kога еден закон се носи со двотретинско парламентарно мнозинство, тогаш тој единствено така може и да се менува. Тоа е основно уставно и законско начело. Не можете вие еден таков закон – за кој е предвидено двотретинско мнозинство, односно, гласови на повеќе од 81 пратеник – да го менувате со гласање на 61 или на 67 пратеници, колку што сега изнесува новото парламентарно мнозинство. Тоа би отворило многу неприфатливи преседани – предупредува Михајло Маневски.
Во Законот за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во неговиот прв член, е наведено: „Овој закон ќе биде во сила пет години од усвојувањето од страна на Собранието, и може да се продолжува за еднаш годишно со одлука донесена со двотретинско мнозинство од пратениците“.
Во случајот, интересно е тоа што Јанева вчера не побара промена на овој прв член, туку се бара промена на членот 22, кој го предвидува рокот за поднесување обвиненија од страна на СЈО. „Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да поднесе обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“, пишува во оваа одредба за која сега специјалната јавна обвинителка бара да биде избришана, изменета или укината.
Поранешниот министер за правда Маневски објаснува дека Јанева, можеби, мислела да апелира до партиите да постигнат договор за промената.
– Но, доколку тоа го сакала, тогаш и нејзиното обраќање требаше да биде кон сите партии, а не само кон парламентарното мнозинство – потенцира тој.
Според Маневски, единствен начин законот да биде сменет е партиите потписнички на договорот повторно со консензус да се договорат за измените. -Не може дел од учесниците во договорот сега да го менуваат без согласност на четвртата партија. Единствен начин е лидерите на партиите повторно да седнат и да се договорат за ова барање. С` друго ќе биде прекршување на Уставот и на законот – наведува тој. Познато е, ВМРО-ДПМНЕ категорично се спротивставува на продолжувањето на рокот за поднесување обвиненија од страна на СЈО.Доколку повикот на специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева до новото парламентарно мнозинство значи дека рокот за истрагите треба да се избриш