Во случајот со нападнатите пратеници Обвинител-ството ги собра исказите на сите настрадани за рекордно време – помалку од 20 дена, ги увиде сите докази, поднесе обвинение и закажа рочиште, пишува Дневник.Во другиот случај, кој е не е толку обемен, и по десет дена, сè уште тече постапката за собирање докази, а неизвесно е дали воопшто ќе се поднесе обвинителен акт.
На првото рочиште на кое им се судеше на деветтемина обвинети за насилство во Собранието на 27 април, што се одржа завчера на 23 мај, сите ја признале вината и дале свој исказ пред судијата. Рочиштето се одржа откако првично беше закажано, па одложено на 18 мај – дваесетина дена откако се случија инцидентите.
Од правна гледна точка, за комплициран случај како овој, релативно брзо кривичните пријави се процесирани во обвинителен акт, имајќи предвид дека се работи за маса инволвирани луѓе, анализа на снимки и други докази од различни камери поставени во Собранието, како и други снимки од камери и мобилни телефони, но и испитувања на оштетените и повредени пратеници.
Хронолошки настаните одеа вака: кривичните пријави беа поднесени на 30 април, дваесет дена им беа доволни на обвинителите да соберат докази, да анализираат и да поднесат обвинителен акт, а и обвинетите уште на 18 мај да седнат на обвинителна клупа.
Додека овој процес експресно се процесира, речиси паралелно со него, до Основното јавно обвинителство беше поднесена и кривична пријава против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Талат Џафери и уште 64 други поради нелегалниот избор на претседател на Законодавниот дом. Десет дена откако пријавата беше поднесена, од Обвинителството за „Дневник“ изјавија дека „предметот е во предистражна постапка, а одреден е само обвинител и се прибирале докази“.
Иако споредување на случаите не би требало да се прави, сепак должината на спроведување на постапката изгледа нелогично покуса во првиот, споредено со вториот случај.
Во вториот, собирањето на доказите, според логиката на нештата за која и не е потребно правничко знаење, може да се организира и за еден ден, па и да се поднесе обвинителен акт веднаш потоа доколку се процени.
Имено, во самата кривична пријава која ја поднесе битолското Здружение на граѓаните за почитување на прописите, се наведени документите кои може да послужат како доказ: снимањето на т.н. седница за избор на Џафери, записник ако постои, документите испратени до „Службен весник“, како и преку директните сведоштва на сега веќе поранешниот претседавач Трајко Вељаноски и генералниот секретар на Собранието, Жарко Денковски.
Во случајот со нападнатите пратеници Обвинителството ги собра исказите на сите настрадани за рекордно време, ги увиде сите докази, поведе обвинение и се закажа рочиште.
Во другиот случај, кој не е толку обемен, и по десет дена с` уште тече постапката за собирање докази, а неизвесно е дали воопшто ќе се поднесе обвинителен акт.Во другиот случај, кој е не е толку обемен, и по десет дена, сè уште тече постапката за собирање докази, а неизвесно е дали воопшто ќе се по