Да се изречат соодветни пресуди и за лицата кои беа одговорни за политичкото насилство и кршење на Уставот, Деловникот и Законот

Денес судот им изрече пресуди на лицата кои учествуваа во физичко насилство во текот на вечерта на 27-ми април. ВМРО-ДПМНЕ очекува правосудните органи да изречат соодветни пресуди и за лицата кои беа одговорни за политичкото насилство и флагрантно кршење на Уставот, Деловникот и законот во собраниската сала, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Нападот на Собранието се случи одвнатре со кршење на најмалку 3 члена на Уставот на Република Македонија, најмалку 27 члена од Деловникот за работа на Собранието и кршење на законот за Собрание. Се што се случи потоа е последица на овој обид за државен удар од страна на Тиранската коалиција на чело со СДС.
Политичкото насилство во Собранието, пеењето химни на туѓи држави и насилничкиот избор на нелегален претседател на Собранието беа причините да се создадат револт и гнев кај граѓаните кои 60 дена претходно мирно протестираа против лицитирањето со државните и националните интереси.
Очекуваме надлежните органи да реагираат по незаконското, антиделовничкото и антидржавното однесување на Ферид Мухиќ, Горан Мисовски и други пратеници кои спротивно на Уставот, законите и Деловникот избраа во нелегална постапка нелегитимен претседател на Собранието.
СДС и Петре Шилегов преку манипулации се обидуваат да го покријат своето антидржавно однесување изминатиот период. Шилегов сака целата вина за случувањата и обидот за убиство на правната држава да ја испере од себе и од соучесниците во државниот удар и да ја префрли врз сопствениот народ. Тоа е срамно и недозволиво.
И Шилегов и аболицираниот криминалец Зоран Заев и нивните колеги кои делуваа како попишано сценарио за да го испровоцираат народот мора да ја понесат одговорноста и да одговараат за своите антидржавни постапки.Нападот на Собранието се случи одвнатре со кршење на најмалку 3 члена на Уставот на Република Македонија, најмалку 27 члена од Деловникот за работа

Пронајдете не на следниве мрежи: