Министерството за финансии денеска започна со исплата на субвенциите на земјоделците, веднаш по објавување на одлуката на Уставен суд во Службен весник со која ги отстранува законските пречки за исплата, соопшти кабинетот на министерот за финансии.– Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органско производство и рурален развој. Во рамки на исплатената сума се и 364 милиони денари субвенции за 2016 година за млеко и оризова арпа, се наведува во соопштението.
Министерството за финансии, стои во текстот, остана доследно на спроведување на законската регулатива и покрај бројните шпекулации во изминатиов период.
– Веднаш штом се создаде законска можност Министерството за финансии започна со исплата на субвенциите кон земјоделците, се посочува во соопштението од кабинетот на министерот за финансии.– Исплатени се 463 милиони денари субвенции во рамки на кои целосно се подмирени обврски за субвенции заклучно 2015 година, односно за фуражн