среда, 25 ноември 2026
Најново

Земјоделските субвенции може да се исплаќаат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уставниот суд на денешната седница донесе конечна одлука за укинување на оспорените одредби од Изборниот законик и од Законот за спречување на корупцијата, со што треба да се овозможи исплата на земјоделските субвенции.Одлуката на Судот ќе важи од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија.
Минатата недела Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста, односно донесе времена мерка за запирање од извршување на оспорените одредби со кои се забрануваше исплатата на земјоделските субвениции до формирањето на новата влада.
Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од земјоделското здружение „Агротиквешија“ со која се бараше оспорување на членот од Изборниот законик, според кој е забранета исплата на субвенции до формирање нова влада.
И покрај врмената мерка, согласно деловникот на Уставниот суд, Министерството за финансии немаше законско право да ги исплаќа субвенциите до носење на конечна одлука од страна на Судот.
По официјално објавување на конечната одлука на Уставниот суд, од Министерството велат дека ќе нема законски пречки и ќе пристапат на исплата на субвенциите.Одлуката на Судот ќе важи од денот на објавување во Службен весник на Република Македонија.
Минатата недела Уставниот суд поведе постапка з

Поврзани вести