Имам рак, но не се лечам, сакам да страдам и да умрам како мојата ќерка

Јосип Грегуриќ, татко на покојната Маријана Грегуриќ кој признал дека со месеци се обидувал да ја убие својата болна ќерка за да ја спаси од маките, открил нови детали на судењето по повод овој случај. Запрашан за својата здравствена состојба, Јосип одговорил дека има рак и дека не сака да се лечи.На повторното судење поради обвинение дека  во октомври 2012 година ја убил својата тешко болна и неподвижна ќерка, Јосип Грегуриќ на прашањето  за својата здравствена состојба одговорил:
„Имам тумор на бешиката, четири пати сум опериран. По последната операција во март оваа година не одам повеќе на лечење, не одам на терапии, сакам болеста да се прошири на останатите органи, сакам да страдам и умрам исто како што страдаше мојата ќерка Маријана.
Судот во Сисак претходно го осуди  Јосип на две години затвор, но Врховниот суд  ја укинал пресудата поради несогласување на делото од изворниот записник со  објавата на пресудата во делот кој  се однесува на трошоците за водење на потапката.
Јосип пред судењето  рекол дека не знае како ќе помине  уште еднаш  низ сето тоа и дека не може да поднесе повеќе.
Тој на повторното судење изјавил дека останува кон првичната изјава и нагласил дека постојано му е пред очите страдањето низ кое минувала неговата ќерка.

„Лежеше неподвижна во кревет. Ги гледав нејзините маки 24 часа дневно и така три години, нејзините маки во мене создаваа неподнослива болка и поради тоа веројатно го сторив тоа поради што ме обвинувате. Гледав како страда, како венее, но не престанував да се надевам дека Бог ќе се смилува и дека моето дете ќе оздраве. Иако не можевме да комуницираме,  во нејзините очи  можев да ја прочитам молбата за помош, молба да и помогнам да замине, да го прекинам нејзиното страдање“, раскажал Јосип.
И обвинителот и бранителот  потврдиле дека остануваат кон ставовите од претходното судење, а пресудата ќе биде изречена во четврток на 27 ноември.
Во 2013 Грегуриќ бил осуден на две години затвор, со тоа што  втората година ќе ја помине на условна казна, што претставува најмала можна казна за убиство.
Судијата  Мелита Авдевиќ  тогаш ја образложила  својата одлука со тоа што убиената Маријана  била три години во кома и вегетирала и рекла дека ја разбира болката и трагедијата на ова семејство, но хрватските закони не признаваат убиство од милосрдие и дека е невозможно да се избегне   казната поради извршеното убиство.На повторното судење поради обвинение дека  во октомври 2012 година ја убил својата тешко болна и неподвижна ќерка, Јосип Грегуриќ на прашањет

Пронајдете не на следниве мрежи: