Преку проектот „Македонија вработува 2“ кој што е едногодишен проект и кој што трае до 27 јуни оваа година до сега се вработиле околу 6.700 лица, а вкупно со проектот „Македонија вработува 1“ вработени се околу 27.000, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Проектот „Македонија вработува 2“ е едногодишен проект, започна во јуни минатата година и ќе заврши овој јуни, поточно на ден 27 јуни, што значи има од прилика околу месец и половина, помалку од месец и половина до завршување на овој проект и е добра можност тоа да го слушнат компаниите кој што размислуваат да вработаат луѓе дека до 27 јуни оваа година имаат можност да вработаат и да во наредните три, четири, пет години имаат одредени ослободувања по плаќање на персонален данок на доход или пак придонеси кон пензиско и здравствено осигурување, што значи вработените што ќе ги земат на работа ќе им бидат поевтини, затоа што нема да ги плаќаат за нив придонесите или персоналниот данок, зависно од категорија до категорија, бидејќи постојат повеќе категории главно ранливи категории на лица, меѓу кои што се долгорочно невработени лица, меѓу кои што се повеќе други социјално незгрижени лица и така натаму, рече Груевски.
Тој посочи дека преку „Македонија вработува 1“ и „Македонија вработува 2“ се вработиле околу 27.000 лица а ваквата можност ја искористиле околу 4.600 компании во Македонија.
-До сега само во проектот „Македонија вработува 2“ вработени се околу 6700 лица. Имајќи во предвид дека во самиот финиш, на крајот таков е нашиот менталитет се на крајот да се остави, се вработуваат најмногу, нема да бидам изненаден ако бројката на крајот дојде некаде накај 8, 9 можеби и 10 илјади вработени. Вкупно 4.600 компании до сега ја искористија оваа можност и вработија 6700 лица, а очекувам во последниот месец и пол до 27 јуни сигурно уште 2 до 3 илјади ќе се вработаат, затоа што е од корист на самите фирми, ќе имаат вработен за кој што нема да плаќаат придонеси и нема да плаќаат персонален данок на доход во еден период од 3 односно до 5 години. Така што последно потсетување за таквите компании да ја искористат приликата, нивната шанса да имаат помали трошоци за вработените, а она што државата сака да го направи е да има помалку невработени односно повеќе вработени лица. Да потсетам дека заедно со „Македонија вработува 1“ каде што се вработија речиси 20 илјади луѓе, сега сме веќе приближно на 27 илјади, а верувам дека бројката ќе се приближи до 30 илјади луѓе до 27 јуни. Кога ќе се земат заедно „Македонија вработува 1“ и „Македонија вработува 2“ тоа се едни од нашите проекти со кој што ја намаливме невработеноста, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски исто така потсети на огромната невработеност кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 2006 година, притоа додавајќи за намалувањето на невработеноста во изминатите години и продолжување на трендот на намалување на истата.
-Да потсетам, кога влеговме во владата на 27 август 2006 година, невработеноста беше веројатно највисока во Европа, 38,7% беше невработеноста 2005-2006 година сега таа е околу 23% и е на најниско ниво во последните дваесет и неколку години и тоа треба да продолжи, тој тренд треба да продолжи, јас верувам дека така ќе биде и во иднина, особено затоа што компаниите кои што ги донесовме, особено странските компании имаат повеќегодишни развојни планови и планови за вработување. На пример некои од нив изградија објект, но планираат во првата година 100 вработувања, во втората уште 300, во третата уште 400 и така натаму, така што само по себе во многу компании е планирано генерирање на нови работни места затоа што се такви нивните развојни планови. Јас очекувам оваа бројка од 23%, најмалку заради оваа причина, затоа што странските компании и нивите добавувачи имаат потпишани договори и планирани вработувања ќе има дополнителни работни места во Македонија, а верувам и на друг начин ќе се стимулираат вработувањата, додаде Груевски.
-Проектот „Македонија вработува 2“ е едногодишен проект, започна во јуни минатата година и ќе заврши овој јуни, поточно на ден 27 јуни,