Возачот на автомобилот на смртта плаче во затвор: Убив тројца пријатели, како ќе живеам сега

Момчето кое ја предизвика несреќата во која починаа тројcа млади е во тешка состојба. Свесен e дека е единствен виновник за смртта на пријателите.Душан Јовановиќ (19), кој со автомобил BWM ја предизвика несреќата во која помеѓу петокот и саботата загинаа Немања Антиќ, Анастасија Стајиќ и Милош Јанковиќ, е во тешка психичка состојба, а во притвор непрекинато плачел и повторувал дека „не сака да живее“.
„Ги убив, како ќе живеам? Подобро да умрев со нив“, рекол Јовановиќ.
Во хистерија
Откако е притворен, возачот западнал во тешка психичка криза.
„Не спие, одбива храна, запаѓа во хистерија и скоро не престанува да плаче. Кога ќе се смири, седи и гледа во една точка, а потоа повторно плаче. Свесен е дека е единствен виновник за кобната грешка која неговите пријатели ги однесе во смрт“, неведува соговорникот на српски „Курир“.
Тој вели дека Јовановиќ рекол дека друштвото пред несреќата било на забава на Дорќол.
„Потоа некој предложил забавата да ја продолжат во „Царска охота“ на Ада Хуја. Рекол дека во автомобилот немало место за сите и дека поради тоа Милош Јанковиќ предложил тој да се вози во багажникот“.
Во автомобилот сите биле весели бидејќи сите претходно пиеле алкохол.
„Музика ечеше цело време. Завртев од главната улица во споредна која води кон шеталиштето и ресторанот, но не забележав дека сме стигнале на крајот на патот. Што се случи, сфатив дури откако автомобилот слета во реката“, ги пренесува изворот зборовите на Јовановиќ.
Душан повторува дека сакал да им помогне на пријателите
Триесет дена притвор
„Успеав да ја отворам вратата и да испливам. Отидов до ресторанот и молев да им помогнеме. Милица и Лука испливаа, но беше мрак, автомобилот се повеќе се губеше во водата“, наводно раскажал Јовановиќ.
Душан Јовановиќ вчера, нешто по 14 часот, бил однесен на сослушувње, по што му бил одреден притвор од 30 дена.Душан Јовановиќ (19),

Пронајдете не на следниве мрежи: