Мајката на Анастасија сакала да се фрли од тераса?

Кога слушнала дека ја изгубила ќерката, несреќната мајка на Анастасија Стајиќ(16) наводно се обидела да рипне од тераса, но ја спречиле роднините и така спречиле нова трагедија.Мајката на Анастасија Стаиќ (16), која заедно со тројца пријатели загинала во стравична сообраќајна несреќа на Ада Хуја, сакала да се фрли од тераса кога слушнала дека ја изгубила ќерката.
„Едвај успеаа да ја спречат. Беше страшно потресно. Плачеше и ја довикуваше ќерката, која и беше се на светот. Не знае како да живее без Анастасија“, вели извор близок на семејството.
Да потсетиме Анастасија настрада во саботата заедно со своите пријатели Немања Аниќ (18) и Милош Јанковиќ (20), кој бил во багажникот, додека Лука Вишњиќ (20), син на познатата водителна Оља Беќковиќ, Душан Јовановиќ (19) и Милица Јокиќ (18) се тешко повредени. Тие со автомобилот BMW, управуван од Душан Јовановиќ слетале од патот во реката.
Истрагата потврдила дека Јовановиќ имал повеќе од еден промил алкохол во крвтта и дека не кочел пред слетувањето.
„Се уште не знаеме кога ќе биде закопот. Сите сме скршени од болка, а никој од нејзините најблиски нема сила да зборува за трагедијата која ги снајде“, вели роднината.
Плач и лелек се слушале и од домот на Милош Јанковиќ. Очајните родители немаат сила да зборуваат, а неговите соседи велат дека ги разбираат бидејќи го изгубиле синот на ужасен начин.
„Бил во багажникот и немал никаква шанса да се спаси бидејќи багажникот се отвара само од надвор. Умрел во големи маки. Се борел како лав до последен момент, но не успеал. Утрово го видов неговиот татко Зоран како стои на терасата и си ја корнеше косата и викаше на сиот глас“, вели соседот Милко и додава дека нема сила да оди кај нив да им изрази сочуство.

„Кога мене ми е така тешко, можам да замислам како им е на нив. Да не даде Бог никому. Милош беше дете за пример, сосед каков само можете да посакате. Го познавам од пет години, го гледав како расте. Беше прекрасно момче, одличен студент а така прерано замина“, раскажува Милко .

И мајката на Немања занемела од болка. Ова за нејзе е трета загуба за само три години.
„Кутрата таа. Прво пред неколку години изненадно го изгуби сопругот, а потоа за месец дена почина и неговиот брат. Еве сега, го изгуби Немања, нејзиното најголемо богатство. Не може ниту да зборува, само плаче. Ни на барат му на Немања не му е полесно. Беа нераздвојни, не знам како ќе ја надминат оваа болка. Ова е страшна трагедија“, рекла Сузана, прва соседка. Мајката на Анастасија Стаиќ (16),

Пронајдете не на следниве мрежи: