Заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе останат во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Република Македонија.Тоа го соопшти денеска РСБСП, која во рамки на одбележување на јубилејот 55 години постоење и активно дејствување синоќа одржа свечена академија во Македонскиот народен театар во Скопје.
На настанот присуствуваа голем број на афирмирани лица, експерти, професионалци и многу други кои изминатите 55 години беа дел од работата на РСБСП и дадоа свој личен придонес и белег во унапредување на сообраќајна култура и подигнување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.
Претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски во обраќањето ја потенцира убеденоста и силната верба во тоа што Советот го работи и нагласи дека и во иднина со уште поинтензивно ќе се работи за поставената цел за безбедно патување и сообраќај без жртви.
Како што наведе државниот секретар во Министертвото за внатрешни работи Сања Димитриевска, Министерството за внатрешни работи во своето работење става подеднакво акцент, како на превентивната компонента, и сообраќајно – превентивното дејствување, така и на присилата, односно санкционирањето на учесниците коишто не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Но, потенцира, колку и да настојува Министерство за внатрешни работи, не можеме да биде на секој дел и во секое време од сообраќајната мрежа во Македонија, и токму поради тоа суштински важна е улогата на РСБСП во градење ефикасен систем за справување со сообраќајните незгоди и жртвите од сообраќајни незгоди преку едукација и подигање на свеста и одговорноста на учесниците во сообраќајот, наведе Димитриевска.
Во знак на добра соработка, силна поддршка и делење заедничка визија за побезбеден сообраќај плакети добија: АМСМ, МВР, Црвен Крст и Д-р Никола Ангелески, поранешен претседател на РСБСП.
По повод јубилејот РСБСП од претседателот Ѓорге Иванов доби високо општествено признание „Повелба на Република Македонија“. Доделувањето на оваа високо општествено признание е заслуга за сиот минат труд, за сите успешно организирани кампањи, конференции, настани и манифестации во изминатите години.Тоа го соопшти денеска РСБСП, која во рамки на одбележување на јубилејот 55 години постоење и активно дејствување синоќа одржа свечена академ