Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред српските медиуми го призна она за што медиумите во Македонија многу пати пишуваа и предупредуваат досега, дека Специјалното јавно обвинителство работи по негова нарачка.Во интервјуто за српски Курир, Заев најавува дека СЈО, кое е под негова контрола, во крајот на мандатот ќе поднесе уште неколку обвиненија и ќе отвори нови истраги.
-Со 100 проценти гласови во Собранието избравме Специјално јавно обвинителство и специјален јавен обвинител. Сите материјали јас ги предадов кај нив. Тие до сега отворија преку 30 истраги, поднесоа преку 10 обвиненителни акти и во најава се уште 20 нови обвинителни акти, 20 истраги, вели Заев за српски Курир.
Ваквото признание на Заев само ги потврдува пишувањата во македонските медиуми дека СЈО работи по нарачка и ги исполнува желбите на Заев. Не така одамна македонската јавност можеше да види и пример кога пратеници на СДСМ на колеги од ВМРО-ДПМНЕ им се закануваат да не зборуваат многу против Заев бидејќи СЈО ќе поднесе обвинение.
-После настапот на ТВ Телма со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие , отколку да бидам награден за велепредавство, напиша пред околу еден месец на социјалната мрежа Фејсбук Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Набрзо потоа СЈО истражуваше дали Милошоски поседува авиони и фирми.
-СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев, Прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам, а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам! Само продолжете, нема да нѐ замолчите. Подобро да бидам обвинет за родољубие отколку да бидам награден за велепредавство, напиша тогаш Милошоски на Фејсбук.
Во интервјуто за српски Курир, Заев најавува дека СЈО, кое е под негова контрола, во крајот на мандатот ќе поднесе уште неколку обвиненија и ќе отв