Еден од оние кој вчера беше во Собранието за време на инцидентите, пратеникот кој им помогна на пратениците кои беа нападнати од граѓаните, Влатко Ѓорчев, денеска на гостување во вестите на Канал 5 кажа дека дека се надева дека сега ќе се смират страстите.-Вчера беше еден тежок ден, тежок ден за Собранието, тежок ден за Македонија, тежок ден за она што се нарекува процес, процедура во Република Македонија, тежок ден за демократијата. Имаше доста моменти, доста ситуации, така што се надевам дека во целата оваа ситуација, сега ќе се смират страстите. Не е добро она што се случуваше вчера во Собранието на Република Македонија, од институционална гледна точка, значи узурпација на процедури, кршење на процедури, изјави Ѓорчев.
Тој го осуди и насилството врз пратениците, врз луѓето, врз полицајците. Тој надополни дека ова бил еден тежок ден за Република Македонија.
-Истовремено апсолутно не е добро, туку напротив и тоа како е лошо она што се случуваше, како насилство, како напади врз пратеници, врз луѓе, врз полицајци, врз граѓани. Се на се уште еднаш ќе речам, еден тежок ден, кој што не беше лесен за граѓаните на Република Македонија, не беше лесно ниту во Собранието, ниту во пленарната сала, ниту во ходниците, ниту во околните сали, соби, прес делови. Се надевам сите ќе извлечеме поуки од ова од ова што се случи, изјави Ѓорчев.
Денеска на прес конференција и претседателот на опозициската СДСМ, спомена дека добиле помош од Влатко Ѓорчев вчера во Собранието. ТОј се осврна на тоа и кажа дека состојбите треба да се решаваат со дијалот, а не со насилство.
-На човек и на луѓе во неволја треба да им се помогне, кога се нападнати. Демократијата и Собранието служат токму за состојбите да се решаваат со дијалог, а не преку насилство. Реакцијата во такви моменти е човечка, вчера имаше повредени пратеници, имаше повредени граѓани, повредени полицајци. И на полицајците требаше да им се помага и на граѓаните исто така, имаше многу, вода требаше да им се носи. Се на се, имаше многу лоши моменти, но и во целата таа несреќа, во сите тие лоши моменти имаше и добри моменти, каде што луѓето си помагаа,каде што едноставно имаше разбирање и колегијалност. Нека биде тоа едно потсетување за сите нас и за сите, дека се поминува и дека и понатаму ќе треба да се сеќаваме дека законодавниот дом е центар на државноста, да се почитува уставот, законите. Истовремено да се почитува и колегијалноста и човечноста. Секое насилство треба да се осуди, семта Ѓорчев.-Вчера беше еден тежок ден, тежок ден за Собранието, тежок ден за Македонија, тежок ден за она што се нарекува процес, процедура во Република Макед