КРАЈ НА ДРАМАТА: Уапсен човекот кој пукаше на Цветниот пазар!

Т.К не сакал да се исели од станот, па испукал со калашников за да ги избрка извршителите. Сето тоа се некои завери околу враќање на средствата, кажал Т.КПолицијата неколку минути потоа го привела Т.К кој во Прерадовиќевата улица пукал и се забаракадирал во станот. Им се предал откако му влегле во станот и го одвеле на сила од таму.
„Сакаа да ме исфрлат од станот кој моите родители ми го купија уште пред 70 години. Како да сум влегол во нечиј туѓ стан. Сите тие „мучки“ околу враќањето на средствата и имотот ги дадов на суд. Не пукав во нив, пукав во воздухот само да ги исплашам. Не се тие криви, тие се добри дечки веднаш побегнаа. Моето семејство е овде со мене, нема да се откажеме, бараме се да решиме по добар и мирен пат“- кажал за „Вечерни лист“, Т.К.
Целата драма започнала во понеделникот во 11 часот кога овој човек пукал за да ги изплаши извршителите и полицајците кои сакале да му направат асистенција на адресата Предовиќева Полицијата ја блокирала околната улица и ги евакуирала околните кафулиња. За среќа Итната помош не морала да интервенира.
Како што се дознава пред два месеца, за тие за прв пат тие се обиделе да го исфрлат, но и тогаш обидот не бил успешен.
Здружението за човекови права ги повикува сите кои се во слична ситуација да не ги креваат рацете на самите себе и да не прибегнуваат кон огненото оружје, бидејќи 98 отсто од случаите успеваат да го одложат иселувањето.Полицијата неколку минути потоа го привела Т.К кој во Прерадовиќевата улица пукал и се забаракадирал во станот. Им се предал откако му влегле во ст

Пронајдете не на следниве мрежи: