Единствени и обединети сме секогаш кога некој го става под ризик албанското прашање. Успеавме да ја победиме империјата наречена Југославија и ги избркавме окупаторските сили. Нашата мисија не е завршена, треба да продолжи бидејќи имаме уште многу работа.Ова сублимирано се поентите од обраќањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов од кичевско Kоларе (родното село на вујкото на Ахмети, Фазли Велиу) по повод откривањето на спомен-плочата во сеќавање на консултативниот состанок на илегалното Народното движење на Kосово (НДK), кој во 1993 година се одржал таму, пишува Дневник.
Од ДУИ за „Дневник“ велат дека Ахмети зборувал за новата мисија на Албанците -регионот да биде дел од НАТО и ЕУ.
НДK од осумдесеттите години од минатиот век ја прокламира идејата за независна Република Kосово, прво во рамките на поранешна Југославија за подоцна да ја организира и да учествува во војната во 1999 година за независност на Kосово.
На состанокот на НДK во Kоларе во април 1993 година, освен Kосовците како Хашим Тачи, учествувал и Али Ахмети. Од средбата произлегла резолуција според која НДK ги поддржува сите вооружени акции против окупаторите. Во НДK дејствувале Албанци од Kосово и од Македонија. Во јули 2000 година во Приштина биле одобрени програмата и Статутот на НДK, како што велат, по протерувањето на српските трупи од Kосово. На состанокот присуствувале 250 делегати од Kосово и Македонија. На состанокот Али Ахмети е избран за потпретседател на НДK.
НДK јавно ја поддржа војната на Албанците во Македонија и УЧK. Во февруари 2001 година активистите на НДK по потекло од Македонија ~ се приклучиле на ОВK. Али Ахмети, кој дотогаш бил потпретседател на НДK, станува портпарол на УЧK. Фазли Велиу, Муса Демири Шефет Џафери и Муса Џафери Џафери и други вршеле важни задачи за време на војната во Македонија, стои во текстот на весникот.
Во информацијата на медиумите на албански јазик, за откривањето на спомен-плочата на куќата во која се одржал состанокот на НДK, нема информација кој го поставил обележјето. Информација за тоа Дневник не добиле ни од ДУИ.
Ахмети по откривањето на спомен-плочата рече:
– Kога нè следеа и прогонуваа, ние знаевме да набљудуваме, промовираме разни вредности и мислења, но што е тоа што не се менува кај членовите на НДK: целта и тоа дека сите се обединуваат кога ги повикува некое големо прашање, како што е албанското прашање. Значи, ние сме едно и ако некој се охрабри да го стави под ризик сето она што сме го изградиле како едно тело, ние сме обединети, ние сме едно.
Има една голема вистина дека НДK имаше најпожртвувани луѓе и не случајно успеавме да ја победиме империја наречена Југославија. Организиравме отпор, но другата страна мислеше дека нашата идеја не може да се реализира. Со фанатизам да го сочуваме она што го создале заслужните луѓе. Тие луѓе денес не се меѓу нас и им оддаваме почит токму преку местата каде што се донесени големите одлуки каде што подоцна следуваше востание до истерување на окупаторските сили. Нашата мисија не е завршена, треба да продолжи бидејќи имаме уште многу работа – рече Ахмети.
На прашање на „Дневник“ кој е окупаторот, што од мисијата не е завршено и кои се многуте работи што допрва треба да се завршат за да се заврши и мисијата, од ДУИ ни одговорија дека Ахмети зборува за ЕУ и НАТО, за целосна еднаквост на Албанците во Македонија, за албанскиот да биде еднаков со македонскиот јазик.
– Мисијата е регионот да биде дел од НАТО и Европската Унија. С` додека Албанците не бидат дел од НАТО, тие се загрозени и оттука НАТО и ЕУ се новата мисија и стратешка цел на Албанците – вели Бујар Османи, портпарол на ДУИ.
Но, нема одговор од ДУИ кои се окупаторите во Kосово и во Македонија. На јавноста познати ~ се петте коминикеа на УЧK каде што се повикуваше Албанците да ги ослободат албанските територии во Македонија од славомакедонската чизма.
Нејасно е и како Албанците се загрозени кога лидерот на ДУИ, Ахмети, зборува за незавршена мисија и за албанското прашање.Ова сублимирано се поентите од обраќањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов од кичевско Kоларе (родното село на вујкото на Ахмети, Фазли Вели