Која земја од регионот има најголем број на алкохоличари?

Хрватска е прва на списокот на европски земји каде што има најмногу алохоличари. Во Хрватска има околу 200.000 алкохоличари и според истражувањата секој Хрват годишно испива по 12,8 литра чист алкохол.- Распадот на семејството најчесто е предизвикан од незаконската злоупотреба на наркотиците, следен од алкохолизмот и коцката, за Хина изјави шефот на одделението за лекување на алкохолизам и други зависности во загрепската болница „Сестри на милосрдието“, Зора Зоричиќ.
Најупотребуваниот пијалак во Хрватска е пивото. Анализите покажуваат дека се зголемува производството и консумирањето на пиво во земјата, додека производството на вино стагнира, а на жестоки пијалаци се намалува.
– Истражувањата покажуваат дека секој петти алкохоличар во Хрватска е жена. Мажите пијат на јавни места, а жените по дома, а алкохоличари стануваат на околу 40-годишна возраст – изјави Зоричиќ.- Распадот на семејството најчесто е предизвикан од незаконската злоупотреба на наркотиците, следен од алкохолизмот и коцката, за Хина изјави шефот

Пронајдете не на следниве мрежи: