Бандиќ останува во притвор, откако Судот ја одби кауцијата

Загребскиот жупански суд прифати кауција за сите осомничени во аферата Аграм, освен за градоначалникот Милан Бандиќ, пренесуваат хрватските медиуми.Порталот „Индекс“ пренесува неофицијални информации според кои адвокатите на Бандиќ како кауција понудиле недвижен имот во вредност од околу 5,8 милиони куни, односно 750.000 евра, што судот ја оценил како премногу ниска.
Останатите осомничени понудиле кауција од 75.000 до четрии милиони куни што е прифатена. Одлуката се уште не е конечна и треба да биде потврдена од хрватската Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал.
Градоначалникот на Загреб е осомничен дека го оштетил градот со кој управува 12 години, а со неплатен данок на донации примени по претседателските избори во 2010 година, дека го оштетил и државниот буџет.Порталот „Индекс“ пренесува неофицијални информации според кои адвокатите на Бандиќ како кауција понудиле недвижен имот во вредност од

Пронајдете не на следниве мрежи: