Момче силувало старица по семејна слава

Полицијата трага по Живадин Живановиќ (19) од Јагодина за кој се сомнева дека ја силувал старицата Д. И. (74) од Јагодина.Нападот се случил во селото Лозовик кај Јагодина, во нејзината куќа во која таа повремено престојувала. Момчето од неодамна живеело кај својот дедо во Лозовик.
Жртвата и напаѓачот претходно биле на семејна слава кај сосед. Старицата заминала дома околу 22 часот, а момчето продолжило да пие и по неколку часа затропало на нејзината врата и лажно преставувајќи се  како сосед влегол во нејзината куќа, почнал да ја тепа и да и се заканува, потоа ја силувал и и се заканил дека ќе ја убие доколку го пријави силувањето.
Вчера  наутро старицата и се доверила на пријателката што и се случило таа ноќ, а бидејќи била изгребана  по лицето и усните и крвареле, пријателката ја убедувала да пријави во полиција.
Старицата направила преглед  каде и биле констатирани повреди по целото тело. Несреќната жена се наоѓа во тешка психичка состојба бидејќи стравува  дека насилникот ќе и се одмазди кој и понатаму е во  бегство.
Полицијата се уште не може да потврди дека старицата е силувана, истрагата е во тек.Нападот се случил во селото Лозовик кај Јагодина, во нејзината куќа во која таа повремено престојувала. Момчето од неодамна живеело кај својот дедо

Пронајдете не на следниве мрежи: