Го впери пиштолот во нас, а ние пелтечевме

Држеше пиштол в рака. Ни рече да застанеме мирно. А потоа ни нареди да клекнеме и да му се поклониме. Многу се исплашивме.Со овие зборови С.Л. (7), ученик во основното училиште „Десанка Максимовиќ“ од Чокот, го опишува моментот кога, додека се враќал дома до другарот В. М.(7), кај училишната сала во дворот ги пресретнал ученик од седмо одделение со гасен пиштол. Инцидентот се случил во април годинава, но за него се дознало неодамна бидејќи не бил пријавен. Иако се работело за гасен пиштол, учениците претрпеле голема траума бидејќи стравувале дека постариот ученик носи вистинско оружје.
„Држеше пиштол. Мислам дека во џебот имаше и нож и метален боксер. Додека клечевме и му се поклонувавме, наиде неговата класна. Плачеше и го молеше да и го даде пиштолот. Имаше марамче во рацете и го убедуваше да и го стави пиштолот во марамчето. Дури тогаш го спушти пиштолот. Многу се исплашивме“, раскажува С. Л, кој за време на инцидентот одел во прво одделение.
Тој истиот ден кога се вратил дома им раскажал на родителите дека е малтретиран. Но татко му имајка му не му поверувале, мислеле дека се работи за игра.
„Дојде задишан. Рече дека некој ученик донел пиштол. Мислевме дека измислува, дека претерува, како што вообичаено прават децата. Но пред недела дена, од мајката на другиот ученик дознав што всушност им се случило. Некој мора да одговара за ова. Што ако имаше потешки последици? Зошто на училиште не постапиле поправилата, да го пријават инцидентот? Се прашува М. Л., мајка на нападнатиот ученик.

Мајката на другиот нападнат ученик В.М. вели дека нејзиниот син по нападот се повлеко во себе и дека добивал тикови.
„Не знаевме зошто се однесува така се додека пред неколку дена не дознавме што се случило. А тој не само што не смее да оди сам по улица, не смее да седи сам ниту во соба. Има тикови поради кои моравме да го водиме на психолог, кој утврдил дека детето навлекло некаков страв“, вели таа.
Директорката на училиштето Љиљана Радовановиќ најавила дека ќе покрене постапка за утврдување на одговорноста поради непријавување на инцидентот. Таа рекла дека за инцидентот дознала дури во јули, и тоа кога класната раководителка на ученикот силеџија давала изјава во полиција.Со овие зборови С.Л. (7), ученик во основното училиште „Десанка Максимовиќ“ од Чокот, го опишува моментот кога, додека се враќал дома д

Пронајдете не на следниве мрежи: