Уапсен педофил, и се заканувал на ученичката: Ќе поминеш како Тијана

Небојша Гајиќ (52) од Нова Пазова е уапсен поради обид за силување на 17- годишна девојка, на која приватно, во својата куќа и држел часови по математика.
Гајиќ и се заканувал на девојката дека ќе помине како „малата Тијана“ и и покажал снимка на која тој сексуално напаѓа 13-годишна девојка. „Девојката на 22 октомври дојде во полицијата во Сатра Пазова, каде раскажале што се Гајиќ работел. Веднаш е покрената истрага, Гајиќ е приведен кај тужителот во Сремска Митровица, кој по сослушувањето му одредил притвор од месец дена. Полицијата продолжува со истрагата поради сомнение дека има уште жртви“, велат од МВР.
Дека нешто чудно се случува, родителите на 17-годишната девојка забележале пред година дена. Девојката почнала да се повлекува во себе.
„Мојата ќерка заедно со сестрата одела кај него на часови по препорака од наши роднини. Ништо не беше сомнително, бидејќи децата постигнуваа добри резултати. Тој инсистираше да доаѓаат три – четири дена неделно на часови, но потоа остануваа и повеќе. Тој се правдаше дека наводно со нив вежба и други предмети. Многу деца одеа кај него“, раскажува Р. И.,чија сопруга го пријавила педофилиот во полиција бидејќи примила повик од училишниот педагог, кому ќерката се доверила.
Злоупотребата на ова девојче според зборовите на родителите, започнала во мај, кога Гајиќ почнал да ја допира по интимните делови и ја терал да го допира неговиот полов орган. Ја убедувал да се согласи тој да и ја одземе невиноста „бидејќи никој друг нема да биде внимателен како него“ и дека други девојчиња уживаат во интимноста со него.
„И покажувал на ќерка ми видео од 13-годишно девојче, кое било облечено и тој ја допирал. Умее да манипулира со децата, но и родителите, а по дома ставал камери кои ги снимале. Така им се заканувал на децата дека нивните снимки ќе гипушти на социјалните мрежи“, вели Р. И., наведувајќи дека неговата ќерка престанала да оди на часови пред месец дена.
Тогаш Гајиќ почнал да и се заканува со пораки.
„И се заканувал дека има седум дена да се врати или снимките ќе ги проследи до мене. Рекол дека наместил програма кој во рок од 48 часа ќе ги проследи нејзините снимки во етер доколку каже некому нешто или му се случи нешто. Дури и се заканил со случајот на малата Тијана, која е убиена, наведувајќи дека и самата знае „како таа поминала“, раскажува Р. И.
Гајиќ работел на железница, завршил средно електротехничко училиште.
 „Девојката на 22 октомври дојде во полицијата во Сатра Пазова, каде раскажале што се Гајиќ работел. Веднаш е покрената истрага, Гајиќ е приве

Пронајдете не на следниве мрежи: