Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со семејството го дочека најголемиот христијански празник Велигден во Лесновскиот манастир во пробиштипското село Лесново.Семејството Груевски присуствуваше на вечерната литургија, каде заедно со премиерот Емил Димитриев, неговото семејство и бројните верници го дочекаа Христовото воскресение.
Претходно во текот на вчерашниот ден, Груевски со семејството ја посетија црквата ,,Св. Богородица” во штипско Ново Село, каде се наоѓа училиштето во кое македонскиот револуционер Гоце Делчев работел како учител.
Веднаш до училиштето е и куќата во која Гоце Делчев живеел во тоа време. По реновирањето на училиштето ,,Гоце Делчев” во него е сместен Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев”. И покрај реконструкцијата, Гоцевото училиште го задржа историскиот препознатлив изглед.
Убавото време за велигденските празници семејството Груевски го исористи и за прошетка низ штипската населба Ново Село.Семејството Груевски присуствуваше на вечерната литургија, каде заедно со премиерот Емил Димитриев, неговото семејство и бројните верници&nbs