Се молиме на бога нашиот ангел да преживее

Имајте разбирање, очајни сме. Состојбата на Валентина не е променета. Ја видов како лежи, покриена до вратот со бел чршав, само изгребаното лице и се гледа. Ни остана само се молиме за нејзе.Со овие зборови вчера се обрати таткото на Валентина Михајловиќ (20), единствената преживеана од патниците од автомобилот „рено клио“. Нејзината состојба и понатаму е критична, а докторите од ургентниот центар и понатаму се борат за нејзиниот живот. Во сударот на автомобилот и турскиот шлепер пред три дена на Кружниот пат загинаа момчето на Валентина Даниел Доминковиќ (22) и пријателите Кристијан Фазлија (20), Исидора Демир (19) и Сеад Круези (20).„Трагедија, шокирани сме, целата населба се моли Валентина да перживее. Таа е прекрасна и вредна, заврши медицинско училиште и чекаше работа како медицинска сестра. Нејзините родители се очајни“, изјавиле соседите на Валентина од белградската населба Миријево.Семејството на Валентина постојано е во Ургентниот центар.„Сите се надеваме, нејзините родители се вредни и добри луѓе. Не заслужија ова да им се случи“, велат соседите.Семејството на починатата Исидора Демир вчера не сакаше да разговара.Турскиот камионџија Е. И. (57),за кого се сомнева дека заспал и ја предизвикал несреќата, добил притвор од месец дена поради можност за бегство. Возачот тврдел дека не заспал и не е виновен за несреќата.Со овие зборови вчера се обрати таткото на Валентина Михајловиќ (20), единствената преживеана од патниците од автомобилот „рено клио“.

Пронајдете не на следниве мрежи: