Вчера околу 15,00 часот на улицата „1“ пред браната-Долна Матка и раскрсницата со споредниот пат кој води на долниот паркинг, настанала меѓусебна расправија помеѓу лицата: А.Е. (18), Џ.С. (18) и уште едно лице на возраст од 16 години, сите од с.Шишево, од една страна и од друга страна 16 годишен малолетник од с.Сарај-скопско, по што истиот бил физички нападнат, информираат од МВР. За кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка.
Во еден момент А.Е. извадил нож со кој замавнал и го повредил малолетникот нанесувајќи му посекотина во пределот на левата страна на градите.
Потоа А.Е. со ножот го прободел и неговиот брат, кој предходно дошол со скутер, во пределот на десната страна на градниот кош, при што истиот паднал на асфалтот и починал.
Од екипа на ИМП констатирана била смрт. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на ЈО, телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина за обдукција.
Во ПС-Ѓорче Петров приведен е Е.А. за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.За кратко време со скутер дошол неговиот брат кој бил на иста возраст и тогаш настанала меѓусебна тепачка.
Во еден момент А.Е. извадил нож