Тинејџерка отишла на ЛЕКАР, не знаејќи ШТО МОЖЕ ТАМУ ДА ЈА ДОЧЕКА

Девојчето било изнемоштено со висока температура и болки во увото, но докторите тоа воопшто не ги интересирало, туку брзо-побрзо заканувајќи и се ја избркале од ординацијата.„Излези од ординација. Сакаш да ти викнам полиција? Родителите воопшто не водат грижа за тебе штом не можат да дојдат со тебе!“ Ова се зборовите на докторката Даниела Живалјевиќ од Домот за здравје во Земун поле, кои ги упатила на Марија Девиќ (16), ученичка во втор клас на средно училиште, само затоа што кај лекарите дошла без родители.
Девојчето било изнемоштено со висока температура и болки во увото, но докторите тоа воопшто не ги интересирало, туку брзо-побрзо заканувајќи и се ја избркале од ординацијата.
– Утрото стана со температура и болки во увото. И реков веднаш да оди на лекар. Тоа не е прв пат да ја испратам сама на доктор, бидејќи веќе е голема девојка – кажува на почетокот од разговорот Ирена Девиќ, мајката на девојчето.
Марија, брзо се вратила од Домот за здравје, што на нејзината мајка и било сомнително. Девојчето во куќата влегло сосема избезумено и во шок раскажало што и се случило.
– Штом влегла во ординацијата, не ни успеала да и објасни на докторката какви тегоби има, туку уште од врата била непријатно пречекана. Веднаш почнала да и вика на Марија да излезе и дека нема да ја прегледа бидејќи дошла сама. И се заканувала дека ќе викне полиција ако не се врати со некој од родителите – огорчено раскажува Ирена.

 

Таткото на Марија веќе долги години работи во Тајланд. За неа и за нејзините 2 сестри се грижи мајката. Во домот имаат и мало бебе, кое Ирена како што вели не би го однела во Домот за здравје каде што одат болни деца.
Еден ден подоцна Марија отишла кај друг доктор на преглед, каде утврдиле дека има гнојна ангина.
Како што дознаваат српските медиуми докторката Живалјевиќ е позната по тоа што прави инциденти. Така само еден ден откако Марија ја исфрлила од ординацијата имала пресметка со уште една мајка. Имено, жената и донела извештај од специјалист во кој било назначено кој антибиотик треба да и биде препишен на рецепт. Докторката се спротивставила на тоа и упорно сакала на пациентката да и препише антибиотик од некој друг произведувач. По истото сценарио, заканувајќи се со полиција докторката се пресметала и со оваа пациентка, само овој пат не знаела дека сопругот на жената е полицаец.
Најпосле полицијата дошла во болницата, а докторката и со нив се расправала. На крајот др. Живалјевиќ се обидела целата вина да ја префрли на медицинската сестра, која од бес ја погодила со телефон по глава.
Со оглед на целата ситуација која се случила, ќе биде формирана комисија која ќе ја оцени работата на докторката. „Излези од ординација. Сакаш да ти викнам полиција? Родителите воопшто не водат грижа за тебе штом не можат да дојдат со тебе!“ Ова се

Пронајдете не на следниве мрежи: