ЕКСПЛОЗИЈА ВО БУГАРИЈА: Работниците земале по 120 а шефовите по 15.000 евра месечно

Шефовите во фабриката за муниција во Горни Лом, која експлодира завчера, веројатно месечно заработувале меѓу 12.000 и 15.000 евра. Работата о мини е исклучително профитабилна и носи голема заработувачка, вели бугарскиот експерт за безбедност и антитероризам, полковник Иван Бојаџиев.Според неговите проценки, шефовите и сопствениците на фабриката месечно веројатно заработувале меѓу 25.000 и 30.000 лева, затоа што процесот кој се изведувал во фабриката е таков што малкумина би се нафатиле да го работат.
„Претпоставувам дека заработувачката ги заслепела“, вели тој. Бугарските медиуми вчера објавија дека работниците во оваа фабрика работеле на исклучително опасно работно место и тоа за плати под минималната – околу 120 евра.
Ова за познавачите не е за изненадување, со оглед на тоа што оваа фабрика е единствената можност за вработување во радиус од 30-35 километри од селото Горни Лом.
„Човечкиот живот е важен, но селото нема друга алтернатива, освен оваа фабрика повторно да почне со работа“, вели и градоначалникот на Горни Лом Илијан Михајлов, само ден откако надлежните одлучија да ја затворат фабриката во која константно се забележувале пропусти. Михајлов додава дека хаварии во овој капацитет се случуваат секои 4-5 години и ќе продолжат да се случуваат и понатаму ако се рестартира затоа што работата со мини е опасна.
Сепак, последната експлозија уште е мистерија за експертите, поради нејзиниот огромен интензитет. Познавачите велат дека таква силна експлозија не може да се случи само од мина, па причините допрва ќе се истражуваат, откако ќе се овозможи безбеден пристап до кругот на фабриката.
Во катастрофалната експлозија во Горни Лом вчера го загубија 12 работници и тројца раководители во фабриката. Најмладиот од нив имал 26, а најстариот 59 години.Според неговите проценки, шефовите и сопствениците на фабриката месечно веројатно заработувале меѓу 25.000 и 30.000 лева, затоа што процесот кој се

Пронајдете не на следниве мрежи: