Сите албански политичари кои поаѓаат од интересите на Република Македонија се конструктивни соговорници и секој што поаѓа од интересите на граѓаните што живеат во Македонија.За се има решение ако се разговара, ако има дијалог. Ако вие немате дијалог, како ќе дојдете до решение. За се треба да се разговара, па и за сите прашања што тие сега ги отвораат со платформата. За се треба да се разговара, но да се знаат кои се интересите на државата, вели македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за хрватската национална телевизија ХТВ, на прашањето кој е конструктивен партнер од албанскиот блок со кој може да се разговара за излез од политичката криза.
– Никој не посакува војна, или пак конфликт. Затоа што нема семејство во Македонија кое не страдало од двете балкански војни, светските војни, студената војна, конфликтот во 2001 година. Затоа и протестите што сега се случуваат се толку мирни и достоинствени, што никој не спомнува било каква состојба на конфликт, додава Иванов.
На прашањето како ги коментира одредени написи за редефинирање на Балканот по пат на вооружен конфликт, како и заканите по опстојувањето на македонската држава, претседателот Иванов оценува дека таквите географски мапи се проекција на желби, а не на реалност.
– Ништо ново од тоа. Во кризни моменти, пак се враќаат старите приказни, стари мапи и стари карти за да ве заплашуваат. Македонија опстојувала и кога немала своја држава. Сега кога имаме своја држава настојуваме да си ја сочуваме својата сопствена држава. Затоа, грижата за државата и државниот интерес се приоритет при секоја одлука која се носи од моја страна, изјави претседателот Иванов во интервјуто за хрватската национална телевизија ХТВ.
За се има решение ако се разговара, ако има дијалог. Ако вие немате дијалог, како ќе дојдете до решение. За се треба да се разговара, па и за сите