Бајрам Реџепи: Голем дел од косовските џихадисти се необразовани и зависници од дрога

Џихадистите се потенцијална опасност за Косово поради тоа најголем дел од нив се слабо образовани и зависници со криминално досие.Ова го изјави косовскиот министер за внатрешни работи во заминување, Бајрам Реџепи, коментирајќи ги апсењата во изминатите два месеца на лица осомничени за потикнување, регрутирање и испраќање косовски граѓани за Сирија.
– Јас знам за нив еден непобитен факт, а тоа е голем дека дел од нив се зависници од дрога. Базирајќи се на нивниот профил, најголемиот процент од нив се слабо образовани, тие се лица кои имаат криминално минато, биле вклучени во разбојништа и тешки кражби, убиства, обиди за убиства и други кривични дела, потенцирал Реџепи.
Неофицијално, како што јави дописникот на МИА, на страната на џихадистичката група Исламска држава (ИД) војуваат најмалку 200 Косовци, а до сега бројот на убиените надминува 20. Добар дел од Косовците таму се заминати со се семејства, а некои само со деца, кои ги земале без знаење на сопругите.
– Една од главните причини поради кои луѓето заминуваат да војуваат таму, е економскиот фактор. Во Косово имаме 45 отсто невработеност, високо ниво на семејно насилство и масовно напуштање на училиштата. Сега тие гледаат во верата како последен чадор, оценил социологот Бардул Плаколи.Ова го изјави косовскиот министер за внатрешни работи во заминување, Бајрам Реџепи, коментирајќи ги апсењата во изминатите два месеца на лица осомн

Пронајдете не на следниве мрежи: