Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница ги потсети македонските граѓани за леснотијата и ароганцијата со која што СДСМ во минатото ги распродаваше државните интереси.
Ласовска напомена дека СДСМ преку ноќ без да го праша народот се дрзна да го промени името на државата. Потоа, исто така без никакво прашање одлучија да го сменат знамето на Македонија, за во 2004 година да го донесат скандалозниот Закон за територијална распределба со кој што нанесоа несогледливи штети кои ги гледаме и ден денес.
Пратеничката им порача на колегите од СДСМ дека овој пат ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ниту граѓаните кои што веќе 35 дена се на улиците, нема да дозволат СДСМ уште еднаш на своја рака да си игра со националните и државни интереси и да ја води државата кон распад.Ласовска напомена дека СДСМ преку ноќ без да го праша народот се дрзна да го промени името на државата. Потоа, исто така без никакво прашање одлучи