Груевски изврши увид на спортската сала на УКИМ- модерниот објект е во завршна фаза

Денеска во посета на салата беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во придружба на директорот на АМС Марјан Спасески и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја. Tаа има 800 седишта и се простира на скоро 6.000 метри квадратни, од кои 3.067 метри квадратни самата сала и 2.000 метри квадратни со партерното уредување.
Подот во салата е изработен по специјални меѓународни стандарди, тој е од гумен еластичен полимер, таму може да се игра мал фудбал, кошарка, ракомет, бадминттон, тенис и други спортови. Опремата која ќе се користи во салата е огромна, дел е монтирана, дел тек треба.
 
-Ваква инвестиција во последните 70 години на спортско универзитетско ниво се нема случено, прв ваков објект кој што ги исполнува сите меѓународни стандарди. Веќе сме во завршна фаза, тврдата градба е завршена, во моментов во завршна фаза е и водовот и електриката, тоа е обврска на ректоратот, изјави Спасески.Македонија ја доби најмодерната универзитетска спортска сала во својата историја. Tаа има 800 седишта и се простира на скоро 6.000 метри квадратни,

Пронајдете не на следниве мрежи: