Деновиве почна изградбата на атмосферска канализација на улиците „1“ и „20“ во Долно Лисиче.Ова е прва атмосферска канализација во тоа населено место, која ќе биде изградена во должина од околу 1.800 метри.
Атмосферската канализација е од витално значење за жителите во тој дел на Долно Лисиче, затоа што ќе овозможи собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.
Изградбата на атмосферската канализација ќе чини околу 24 милиони денари, а средствата се обезбедени по половина од Општина Аеродром и Град Скопје.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски денеска, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, направија увид во градежните работи во Долно Лисиче каде е почната изградбата на атмосферска канализација.
„Откако изградивме фекална канализација, ја реконструиравме водоводната мрежа и целосно ги асфалтиравме сите улици во Долно Лисиче, покрај кои изградивме тротоари и улично осветлување, деновиве почна и изградба на атмосферска канализација, што се случува за првпат од постоењето на ова населено место. Со тоа целосно ќе се заокружи инфраструктурата и Долно Лисиче ќе ги добие сите неопходни услови и атрибути на една урбана средина“, изјави градоначалникот Коневски.Ова е прва атмосферска канализација во тоа населено место, која ќе биде изградена во должина од околу 1.800 метри.
Атмосферската канализаци