Демонстрантите ја мавале полицијата со шишиња додека ја чекале одлуката за Прајдот

Учесниците во протестот кој вечерва го организираше движењето „Двери“ на плоштадот Република во Белград, дошле на Теразије каде што ќе ја чекаат одлуката на Бирото за координација на службите за безбедност во врска со утрешниот Прајд.Полицискиот кордон ги спречи насобраните луѓе да продолжат со движење, а претставниците на „Двери“ апелираат до сите мирно да ја дочекаат одлуката на Бирото за координација на службите за безбедност.
Две стаклени шишиња полетаа од толпата луѓе и погодија еден припадник на Жандармеријата, па дојде до мало кревање на тензиите. Според српски „Блиц“, на протестот се наоѓале и голем број навивачи на фудбалските клубови „Рад“ и „Црвена Ѕвезда“.
Организаторите на Прајдот претходно најавија дека шетањето во рамките на таа манифестација ќе биде одржано утре во центарот на Белград, додека надлежните сѐ уште ја немаат соопштено официјалната одлука за забрана или одржување на Прајдот.Полицискиот кордон ги спречи насобраните луѓе да продолжат со движење, а претставниците на „Двери“ апелираат до сите мирно да ја дочека

Пронајдете не на следниве мрежи: