Никола Груевски како предводник на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со премиерот Емил Димитриев учествуваат на Конгресот на Европската народна партија и на Самитот на европските десничарски партии, што се одржува во Малта.Лидерот ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари разговор со претседателот на Демократската партија на Словенија и поранешен премиер на Република Словенија.
Инаку Груевски вчера имаше средба со Тобијас Зек, кој е член на германскиот Парламент, член на Советот на Европа, потпретседател на ЕПП во Советот на Европа и член на партијата ЦСУ од Германија. Како што информираат од партијата тој него го запознал со политичката состојба во која се наоѓа нашата земја.
На конгресот на ЕПП во Малта ќе присуствуваат над 2.000 илјади учесници, вклучително и 760 делегати кои се партиски функционери на партиите членки на Европската народна партија, високи дипломатски гости, 12 шефови на влади и држави од и надвор од Европската Унија.
Во Малта се очекува да присуствуваат германската канцеларка Ангела Меркел, премиерот на Шпанија Марио Рахој, премиерката на Норвешка Ерна Солберг, ирскиот премиер Енда Кени, унгарскиот премиер Виктор Орбан, претседателот на ЕПП Жозеф Дол, како и претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и претседателот на ЕУ, Доналд Туск.Лидерот ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари разговор со претседателот на Демократската партија на Словенија и поранешен премиер на Република Словенија.