На почетокот сакам да му се заблагодарам на господинот Џеват Адеми што и денеска, но и вчера апсолутно се согласи дека ние имаме процедурално право да дебатираме, впрочем и овој начин на работа во Собранието не е непознат ниту за вашата пратничка група, ниту за другите, а не е непознат и за многу парламенти за подемократски држави, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.-Суштината дали госпоѓата која ја именувавме јас и вие е тема на оваа работа, јас би рекол дека е заради тоа што таа беше предводник на тимот за преговори за да се дојде до овој момент. Има и еден предуслов за било каква соработка помеѓу ДУИ и СДСМ беше законот за јазици, за кои што и вие и СДСМ кажавте дека е окончан, потврден, детален, прецизен и затворен, тој закон како текст некаде постои. Е сега ако тоа беше предуслов господинот Џафери да биде кандидат за претседател на Собрание ве молам да го видиме тој текст, не само заради нас, второ заради поголем дел на пратениците од СДСМ кои што го немаат видено и трето заради целата јавност во Република Македонија, истакна Димовски.
Тој потенцираше да се покаже тој текст бидејќи тој доколку е предуслов за да се дојде до тука, тие имаат легитимно право да го видат тој предуслов и да ја донесат одлуката. И никој не го оспорува на 20 пратеници на СДСМ или заедно со ДУИ или само од СДСМ.
-Ние вчера неколку пати дискутиравме дека тоа е легална постапка, но тие 20 пратеници не можат да го ускратат правото на други 20 или два пати или три пати по 20 пратеници и уште полаку на комисијата за прашањата за избори и именувањата да достават свое видување околу постапката и затоа мораме да ја поминеме оваа процедура со избор на комисијата за да воопшто да дојдеме до четвртата точка за избор на претседател, вели Димовски.
Тој порача иако на некој му се брза, сепак сите теми да се отворат јавно во Собранието и да бидат запознаени сите граѓани со намерите на другите политички партии.-Суштината дали госпоѓата која ја именувавме јас и вие е тема на оваа работа, јас би рекол дека е заради тоа што таа беше предводник на тимот за пр