Заев вчера глумеше дека не знае кој ќе биде претседател на Собранието, денеска го предложи Џафери за функцијата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вобичаено не си остана на зборот и откако вчера се правеше дека не знае кој ќе биде претседател на Собранието, денеска го предложи Талат Џафери за функцијата.Пратеничката група на СДСМ собрале 20 потписи со кои за претседател на Законодавниот дом го предлагаат Талат Џафери од ДУИ. Информацијата на прес конференција ја соопшти пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов.
-Согласно одредбите од деловникот веќе поднесовме  барање за избор на претседател на Собранието, со поддршка од 20 пратеници. Дискусијата по оваа точка станува безпредметна бидејќи комисијата и не мора да се избере, треба веднаш да се прејде на избор на претседател на Собрание, изјави Шилегов.
Заев вчера иако знаеше дека Џафери ќе биде предлогот на СДСМ,  сепак ја замајуваше јавноста дека Џафери бил само еден од посериозните кандидати за претседател на Собранието на РМ.
Заев е цврсто решен да ја спроведе тиранската платформа, која ја прифатил во целост, што го потврдуваат неговите албански партнери, но и членот на ИК и ЦК на партијата, Мухамед Зекири. Изборот на претседател на Собранието Албанец е првиот чекор во реализација на платформата од Тирана.
Изборот на Албанец за претседател на Собранието е еден од условите во тиранската платформа, создадена во Тирана од албанските партии и Еди Рама и прифатена од СДСМ со единствена цел да се укине македонската државност.
Според Уставот, претседателот на Собранието е втор човек во државата и заменик-врховен командант, што значи дека во отсуство на претседателот Ѓорге Иванов, Талат Џафери, ќе ја води државата и ќе биде врховен командант на вооружените сили на РМ.
Прифаќајќи двојазичност на целата територија на Македонија, СДСМ му овозможува на поранешниот командант на ОНА државата да ја води на албански јазик, во Собранието да се обраќа на албански и седниците да ги води на албански.
Од друга страна, тоа значи дека албанскиот јазик на голема врата ќе стане официјален јазик на целата територија на државата со заобиколување на гласањето, за што е потребно двотретинско мнозинство. Со тоа почнува примената на албанскиот јазик како втор службен јазик на целата територија на државата, и отвора пат кон спроведување на останатите точки од тиранската платформа.
Ваквиот арогантен чекор на СДСМ и албанските партии, кој претставува погазување на волјата на мнозинството граѓани кои не гласале за платформата од Тирана, може да доведе до уште помасовни притести во целата земја.Пратеничката група на СДСМ собрале 20 потписи со кои за претседател на Законодавниот дом го предлагаат Талат Џафери од ДУИ. Информацијата на прес к

Пронајдете не на следниве мрежи: