Касами со услов до Заев: Или еднаков број министри со ДУИ или нема поддршка за Талат Џафери

Еднаков број министерски и владини функции со ДУИ за Беса да ја поддржи кандидатурата Талат Џафери да биде новиот претседател на Собранието. Ова било понудата на Беса до лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за Џафери да биде избран за претседател на парламентот со 67 гласа, односно да ја добие поддршката на целото парламентарно мнозинство, брифира за „Дневник“ висок функционер од партијата на Билал Kасами, пишува весникот „Дневник“.Во пресрет на денешното продолжение на конститутивната седница, на која на дневен ред се изборот на Kомисијата за избори и именувања и изборот на нов претседател на Собранието, викендов на релација раководства на Беса и на СДСМ имало интензивна комуникација и средби за Заев да ги обезбеди и гласовите на Беса за изборот на Џафери.
– Викендов сме во координација и средби со Заев и со претставници на СДСМ. Чекаме одговор на нашата понуда. За да гласаме Џафери да биде новиот претседател на Собранието, треба да добиеме гаранции од Заев за спроведување на нашата изборна платформа и за поделбата на владиниот колач. Бараме еднаков број министри, заменик-министри, државни секретари и директорски позиции со тие на ДУИ. Но, да има и еднаква тежина на ресорите со кои ќе раководат ДУИ и Беса. Без гаранции за нашите барања, нема да го поддржиме Џафери за претседател на парламентот и нема да бидеме дел од владата – вели висок функционер од Беса.
Доколку нема договор меѓу СДСМ и Беса, извесно е дека партијата на Kасами нема да гласа Џафери да биде новиот собраниски спикер. Од партијата не ја исклучуваат можноста тие да одат со свој кандидат за претседател бидејќи за тоа веќе имаат одлука на Централното претседателство.
По потврдата на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, дека Џафери е единствен кандидат на СДСМ, ДУИ и на „Алијансата за Албанците“ за претседател на парламентот, тоа за „Дневник“ го тврдат и од Беса. Оттаму велат дека со СДСМ преговараат за поддршка на Џафери, а не како што од партијата на Заев велат дека викендов или најдоцна денеска ќе се знае кандидатот за спикерското столче.
Од СДСМ вчера не успеавме да добиеме став. Од ДУИ, пак, за апетитите на Беса да има еднаков број министри со нив коментираат дека тоа не зависи од партијата на Билал Kасами, туку од тежината на партијата на Али Ахмети.
Според нив, позициите за поделба на владиниот колач се јасни ако се знае дека без Беса има влада, но не и без ДУИ.
И додека партиите од парламентарното мнозинство меѓу себе ги одмеруваат силите и поддршката за новата влада, денеска напладне, по речиси три месеци, ќе продолжи конститутивната седница на Собранието. Иако на дневен ред се изборот на Kомисијата за избори и именувања и изборот на новиот претседател на Собранието, извесно е дека на седницата ќе се избере само составот на Kомисијата. Засега е неизвесно кога ќе има конститутивна седница за нов собраниски спикер.
ВМРО-ДПМНЕ
ПРВО ИЗБОР НА ДИМОВСКИ, ПА ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО
Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека на денешната седница нема да се избира претседател на парламентот, а од СДСМ остануваат на позицијата дека собраниската седница треба да заврши со избор на новиот спикер.
Ни ВМРО-ДПМНЕ ни СДСМ не ги открива сценаријата за седницата. Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на позицијата што ја најави кандидатот за претседател на Kомисијата, Илија Димовски, дека по изборот на работното тело, ќе треба да се свика седница на Kомисијата, на која ќе се разгледаат предлозите за претседател на Собранието. По ова, утврдениот предлог за претседател на Собранието од Kомисијата да се достави до претседавачот на конститутивната седница и дури тогаш ќе се свика седницата за избор на претседател на Собранието.
СДСМ во ваквата најава гледа ново одолжување за избор на претседател на парламентот.
РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА
МОЖЕБИ ДИМОВСКИ ЌЕ БИДЕ КАКО АНДОНОВ
Иако ни социјалдемократите на откриваат како ќе постапат доколку денеска не се избере претседател на Собранието, сепак заменик-претседателката Радмила Шекеринска навести дека е можно парламентарното мнозинство да гласа нов состав на Kомисијата за избори и именувања.
– Парламентарното мнозинство и Собранието може ќе одлучат дека некои комисии ќе имаат и нов состав. Можеби ќе се случи Илија Димовски да го следи примерот на Оливер Андонов. Тој беше министер за внатрешни работи со најкус мандат. Можеби Илија Димовски сака да му се приближи со рекордот – вели Шекеринска.Во пресрет на денешното продолжение на конститутивната седница, на која на дневен ред се изборот на Kомисијата за избори и именувања и изборот на н

Пронајдете не на следниве мрежи: