ВМРО-ДПМНЕ останува на ставовите дека Владата која ќе ја спроведува Тиранската платформа направена и оформена и во друга држава не може да биде реформска туку е антидржавна и дека таа директно удира на името и идентитетот.Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше во Дневникот на Сител, истакна дека целото сценарио кое граѓаните го гледаат овие 3 години, од ден на ден им станува се појасно и на најтврдите поддржувачи на СДСМ ширум Македонија.
-Не е прашањето дали Заев ќе стане или нема да стане премиер, тој е попатен чекор, човекот е лоциран дека е компатибилен по очекувања на некој друг, две ипол години да ја држи државата во хаос со секојдневни протести и со кршење на институции, со удар врз македонската економија, се со цел да си ја оствари својата цел. Сега доаѓа времето на фактурите, сега тој ќе треба да ги врати фактурите кон сите тие кои му помагале да ја оставри таа цел. Тие фактури ќе значат редефинирање внатрешно на државата, но тоа ќе имплицира и редефинирање на впечатокот за Македонија однадвор, истакна Димовски.
Конечно, додаде тој, ние сме убедени дека крајната цел на сетоа ова е ослабување на Република Македонија, на нејзините институции, ослабување на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која има капацитет, сила и волја да се спротивстави на штетни одлуки и штетни решенија за Македонија, загрозување на слободата на изразување на медиумите преку очигледни хајки по медиуми кои не се согласуваат со ставовите на Заев и сето тоа конечно треба да дојде до една завршница со прифаќање на, условно кажано, грчките позиции за нашето име и идентитет, како што впрочем и еден од пратениците од ДУИ пред неколку дена на телевизија соопшти дека ова мнозинство кое сега се обидуваат да го состават дека е добар момент и добар начин, конечно да се прифатат грчките позиции.
-Не зборуваат за фер решение, за прифатливо решение, не зборуваат за компромис, за решение кое ќе го прифатат и граѓаните на Македонија и граѓаните на Грција, туку зборуваат за прифаќање на име и идентитет по грчи услови. Тоа е кажано од еден од пратениците кој е составен дел од секојдневните преговори помеѓу овие неколку политички партии кои се обидуваат да состават мнозинство, додаде Димовски.Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кој гостуваше во Дневникот на Сител, истакна дека целото сценарио кое граѓаните го гледаат овие 3 години, од ден на де