Министерството за здравство започна постапка за јавна набавка на нова опрема за Општата болница во Струмица во вкупна вредност од 150 милиони денари, односно над 2.4 милиони евра, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров.– Станува збор за набавка на нова најсовремена медицинска опрема, како и медицински и немедицински инвентар за установата, односно над 440 парчиња опрема. Со тоа продолжува реализацијата на големиот инвестициски циклус во нова медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата во вкупна вредност од 33 милиони евра, изјави Тодоров.
Посочи дека станува збор за набавка на неконтактен тонометар за очното одделение, транспортен инкубатор за брз и безбеден транспорт на ризични новороденчиња, транскутан билирубинометар за мерење билирубин кај новороденчиња, оксилог апарат за транспорт на тешко болни пациенти зависни од кислород, линеа за интензивна нега, ткивен процесор и ткивен калапер за доопремување на одделот за патологија.
– На специјализација е испратен и еден доктор. Станува збор за многу значајна долгорочна инвестиција во болницата, имајќи предвид дека во моментот нема патолог во болницата и еднаш месечно доаѓа доктор-патолог од Скопје, рече Тодоров.
Покрај тоа, спомена дека се набавуваат и апарати како замена на оние кои се веќе дотраени или поради зголемениот обем на работа потребно е зголемување на бројот вакви апарати, и тоа 4Д ехо апарат за гинекологија, други ЕХО апарати, пациент монитори, аспиратори, пулсоксиметри, лигашур, лапараскоспки столб, како и хируршки инструменти.
– За струмичката болница и досега се набавуваше нова опрема во вкупна вредност од над 80 милиони денари или 1,5 милион евра. Со набавката на новата опрема од 2,4 милиони евра таа ќе биде околу 4 милиони евра. Покрај во нова опрема, во болницата интензиво се работи на комплетна реконструкција во вредност од 4.2 милиони евра или 257 милиони денари, со што целата инвестиција во оваа болница ќе надмине 8 милиони евра, рече Тодоров.
Нагласи дека паралелно се вложува и во зајакнување на кадарот во Општата болница во Струмица, која, според него, е еден од стожерите на здравството во југоисточниот регион на државата и покрива територија во која живеат над 230.000 жители.
– Со проектот за едукација на медицинскиот кадар во странство, досега се испратени 35 доктори специјалисти и 26 лица од средномедицински персонал на едукации, што значи дека повеќе од 60 лица веќе биле во едукација во реномирани медицински центри во Италија, Словенија, Турција, Србија, Бугарија и други земји, рече Тодоров.
Посочи дека практично се инвестира во трите стожери на здравствената заштита, во инфраструктура, во опрема и во делот на кадарот со цел, како што рече, да се заокружи целокупниот инвестициски циклус и да се овозможи струмичката болница да дава што е можно повеќе и поквалитетни здравствени услуги.– Станува збор за набавка на нова најсовремена медицинска опрема, како и медицински и немедицински инвентар за установата, односно над 440 па